АрМПанзер - Да ги убиеме пред да положат јајца [VOIX]

Day 1,722, 07:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

После подолго време се решавам да напишам статија, поради оваа статија. Голема штета би било за еМакедонија доколку се случи вакво нешто!

Тоа би било поради неколку фактори! АрМакедон е единица која е страшно составена од двокликаши! Нема ниту еден член кој што е во АрМакедон, а да не биде двокликаш.
Сето тоа се случува поради напуштањето на АрМакедон на политичката сцена на еМакедонија. НБРМ на АрМакедон им беше единствен извор на тенкови и пари и иако имаа добра залиха на злато од претходно сепак тоа заврши!
Свесни од фактот дека неможат да дојдат на власт без помош од Панзер, поради фактот што ќе бидат многу плукани од нив, а вака ќе нема кој да им се спротистави и ќе нема кој да ги спречи во крадењето! Дури тогаш ќе го видиме најголемиот грабеж во еМакедонија!

Панзерите пак страшно сакаат да дојдат на власт и знаат дека единствен начин е да се спојат со АрМакедон и конечно да мацнат и тие од медот! Исто така Панзер падна многу на воен план, поради тоа што којоти2 ги уништи тенкарите за да може да тенка за еПолска и поради тоа малце членови им останаа и не се толку важни сега како опозиција за разлика од тоа што беа порано!

Нема повеќе да должам, се надевам дека и со самото ова ќе сватите што сакам да кажам!

Да ги убиеме пред да положат јајца!

Поздрав Македонијо!

ПРЦ 😁)