Државна Армија! [VOIX]

Day 1,692, 03:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонци!

Многупати до сега се зборувало на оваа тема... дури Ел Че кога беше претседател ова беше доста застапена тема... мислам дека имаше и неколку статии за ова, но на крајот се остана само на разговор...

За да се направи ова како што треба потребни се многу измени... да се промени целиот стил на игра на еМакедонците и еднаш засекогаш да имаме армија за почит!
Потребни се промени кои за жал, многу нема да ги сватат на почеток (што е разбирливо) затоа што секогаш е тешко да се промени еден стил на игра.

Неможе само да чекаме и да се молиме да се направи државната армија! Треба нешто да се превземе во врска со тоа.

Прв Чекор!

Потребно е да се променат даноците, т.е да се зголемат. Знам дека многу во коментари ќе кажете, ама веќе ионака е преполна Народна Банка на Македонија, но незнаете дека ако се направи државна армија и многу играчи да се приклучат на таа армија, тогаш ќе биде многу брзо испразнета... потребни ни се промени кои ќе направат долгорочен опстанок на државната армија. Зошто го зборувам ова? Па ова е многу потребно затоа што е единствен начин членови од сите други единици полека да се приклучуваат кон армијата (секако никогаш нема сите да може да се земат, но треба некој задоволителен број), а за тоа да се случи потребно е таа државна единица која ќе се создаде да може да дели повеќе тенкови на членовите од сите други единици за да дојдат повеќе членови.

Втор чекор!

Потребно е да се земе некоја рандом единица и да и се промени името во АРМ. Секако сега би претпочитал да има 4ри вакви единици кои ќе бидат поделени на различни дивизии и кои по потреба ќе се променуваат нивните ДО наредби...
Секако команданти на овие единици ќе бидат членовите на МОД тимот, на чело со главниот МОД, кој ќе има полесна работа да контролира 4 МУа отколку 30...
Со ова ќе се сведе на минимум шансата за да има погрешно ДО во текот на денот. Секако тие членови на влада мора да бидат активни... Тоа е потребно на крајот на денот...
И секако како што ќе се смени другата влада така ќе се менуваат и командантите на единиците т.е ќе се ставаат членовите од наредниот МОД тим... Ќе се предаваат исто како што се предаваат државните организации...

Трет чекор!

Откако ќе се направат првите 2 чекори, овој следен чекор ќе биде многу лесен за да се постигне...
Прво мислам дека нема потреба да се има еден Аватар на државната Армија (значи може секој каков сака аватар да си носи) Дури може и да го носи аватарот на единицата во која членувал... важно е да биде во таа Државна МУ за да добие и повеќе од 40 тенка на ден...
Значи целта на првите два чекори е да се постигне една финансиска и воена стабилност на оваа Државна МУ, за да војниците добиваат секој ден тенкови за секое пукање (секако сето ова ќе биде според следење наредби), Значи ако членот на Државната Единица присуствува на наредби, тогаш тој ќе биде во можност да пука цел ден, без да потроши ни еден МКД за тенкови од негов џеб!


Секако со сето ова ќе се добие и на дисциплина и на поголемо обединување и дружење на членовите на Армијата меѓу себе и со тоа ќе ја фокусираме негативната енергија на Грците, а не на самите себе!
Секако оваа статија е напишана за да имаме дискусија и многу ме интересира мислењето на сите вас... поради тоа ве замолувам да ја шаутирате статијава за да ја видат повеќе Македонци!

Поздрав Македонијо!