Се е до нас!!! [VOIX]

Day 1,689, 01:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

Човекот е господар на својата судбина - Оваа реченица не е безпотреба кажана.

Не ми е целта во статијава да ви продавам демагогии или такви работи.
Јас само сакам да ви ги посочам некои работи, за кои што сите знаеме дека е така, но ретко кој дозволува да си признае!
Секогаш бараме кривци на другите страни за тоа што ни се случува (не викам дека секогаш грешиме), но мора да сватиме дека треба прво ние самите да се средиме, па после да имаме образ да бараме нешто од некој друг да направи за нас!

Еве како пример ќе ја земам оваа битка, која што воедно ни е и многу важна, за да земеме ресурси и да ја подобриме нашата економија, а со тоа да задржиме повеќе играчи во државава!

Уште од вчера се убивме од шаути дека оваа битка е важна за да го земеме ние тој регион.

Неможете да почекате вечер да завршите ДО? Морало сега од сабајле да се завршат тие наредби?

Искрено во ниеден случај не ги обвинувам Србите, затоа што тешко го враќаат регионот, во тој поглед полоши од нас нема! Затоа не треба никогаш да се ослонуваме на никого!

Колку ние ќе се бориме за нештото што го сакаме, толку се поголеми шансите самото тоа да го добиеме!

Сакате ресурс?

Сакате територија плус?

Сакате да немора да кукаме цело време по ОНЕ?

Сакате да имаме чест во играва?


Никој, ама баш никој неможе да ни го даде нештото ако сами не се бориме за тоа! Наместо да пишувате шаути колнејќи го ОНЕ и Полска, подобро е да земете тенковите и да си го вратиме регионот!

Јас во моментов имам голема зимница... имам преку 150 чоколатца! Само и само ќе ја испукам во битка каде што ќе видам секој Македонец како се бори до последно! До тогаш... повеќе од една ракета нема да видите од мене...

Ако треба нешто оваа држава да добие, таа ќе добие од сите нејзини синови и ќерки!


Сакате да се докажувате како некојси патриоти? Обележувате предавници и патриоти? Докажете се!!!

ПУКАЈ ОВДЕ!!!