еМакедонски факти [VOIX]

Day 1,686, 07:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво еМакедонијо!

ДБК ќе ви претстави неколку факти за еМакедонци за кои сигурен сум дека не сте ги знаеле... ќе се изненадите од неколкуте факти за кои што никогаш не сте слушнале! Посебно ова многу би ги интересирало на новите играчи! Stay tuned!

kojoti2 - Најбогатиот еМакедонец на ерепублик (можеби и во ерепублик воопшто), со повеќе од 10 ку5 и ку6 фирми и со повеќе од 1500 злато на неговиот акаунт, којоти2 е најбогатиот еМакедонец! Сигурен сум дека би ви помогнал доколку ви е потребна помош! Хаил којоти2

Grand Admiral Kristijan - Најстариот играч на ерепублик со 74 години... ова е резултат земен само од играчите кои дале свои информации на други луѓе во играва! Да ни поживее дедо Адмирал!

Krvnikot - Најмладиот играч на ерепублик! Верувале или не има само 7 години! Сепак има потенцијал да биде голем човек! Браво за Крвникот!!

Drashhh_III_Makedonski - Најголемиот трошач на пари во играва! За 1 месец успеа да потроши 15 000 злато! Попознат како АрАмијата, Драш е убедливо најголемиот трошач на државни пари! Хаил Драш!

Maked0ner - Најголемиот МАСОН во играва... знае се што ќе се случи пред време и ги знае сите измени 1 месец пред да се случат! Доколку имате каква било информација за идни промени не се двоумите да го прашате!

Boban Mitrovski - Најдарежливиот еМакедонец! Има помогнато на преку 1000 Македонци во нивниот развој и сигурен сум дека би помогнал на уште 1000!!! Човек со огромно срце! Ако не ми верувате побарајте нешто од него и ќе си видите сами! Да живее чичко Бобан!

acezuti - Првиот играч кој користел скрипта за востанија! Сите нови верзии на овие скрипти ги знае пред време!! Доколку сакате да фатите некое востание пишите му нему! Да живее револуционерот!


Ова беше првиот дел од еМакедонски факти! За неколку дена ќе излезе и вториот дел!
Ви благодарам за читањето!

о/