Кој е со мене? [VOIX]

Day 1,682, 06:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо! (барем тие што останавте)

Гледам дека малце е потребно за синовите и ќерките на Македонија лесно да сменат мислење и став! Да го сменат ставот дека Македонија им е најважна во играва и дека прават се за интересите на Македонија!

Искрено од многу се разочарав во играва, гледам дека никој не е тоа што се прави! Еден ден вика дека за Македонија се ќе даде, утре си оди од Македонија и пука за пари уште против Македонија да почне да пука!

Сериозно, неможам да разберам причината, но интересно е да се видат секаков вид на причини. Нормално дека секој ќе си има различна причина или различен став, но еве јас ќе набројам неколку поинтересни причини:

Владата нема појма!

- Дали Македонија е во сопственост на владата? Дали само тие ја сакаат Македонија па на тој начин ќе им се одмаздите за (не)работата?
Од една страна се курчите зошто ја “сакате“ Македонија, а од друга страна всушност к** ве боли за Македонија.

ОНЕ е крив!

- Што ако е ОНЕ крив? Ќе пукате против него и за тој момент ќе заборавите на Македонија? Ќе мачкате очи дека демек поради нив го продавате инфлуенсот на нашите непријатели?


Ме мрзи повеќе да набројувам причини, но мислам дека ви го доловив моментот со овие две.

Мене искрено не ми е гајле што сакате да правите... ваш профил, ваша игра! Мене ме нервира што до вчера перевте мозоци на шаути дека се нервирате што сме губеле и ред други работи. Бидете реални дека не ви е гајле! Ќе ве разберам така. На најмала причина прво нешто што правите удирате на државата! Не на тие што ви згрешиле! Удирате директно на државата!

Владата не е држава! Тие само во еден момент ја водат државата, но нареден пат доаѓа друга влада! Штетата која што сте ја направиле на еМакедонија е безценета!

Сепак барам само од вас едно нешто! Немојте да лажете! Или се борите за интересите на еМакедонија или пак против нив го правите тоа.

Што е до мене можете во овој момент СИТЕ да си одите од тука! Јас останувам!
Само сакам да ве прашам кој тука ќе остане со мене! Да се преброиме колку сме и да зададеме достоен удар на Грците! Ако вие сакате да бидете еб**и јас не сакам!

Поздрав Македонијо!