Да запловиме во мирни води [VOIX]

Day 1,370, 02:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!
После 6-7 дена се вратив од одмор и вчерашниот ден (поточно вечер) поминав во читање на статии за да видам што се случува. Секако почнувам да станувам голем оптимист за иднината на еМакедонија поради неколку причини и работи кои ги видов и прочитав во неколку весници! Во оваа статија прочитав за Македонското единство кое беше итоа како присутно во моментите кога ја напаѓавме Грција уште некаде крајот на месец Мај (чинам дека беше тој период ако грешам поправите ме) и моментите кога имаше и по 500 војници и цивили на армиски канал!

Во моментите кога бевме непобедливи!!!

Тогаш немаше расправии тогаш сите дишевме и игравме само за Македонија!

Пак ќе дојде тоа време, пак ќе бидеме Црвената Армија!

Сепак за да постигнеме тоа ниво на непобедливост треба да се обединиме и да гледаме еден на друг како на браќа и сестри, да се помагаме во секое лошо и заедно да се радуваме на секое добро на еМакедонија.
Треба еднаш за секогаш да сватите дека во оваа игра не се битни МКД и ЗЛАТО. Битно е да ја покажеме нашата држава на некои од другите страни на светот, на некои кои никогаш не слушнале за Македонија во вистинскиот живот и сега да слушнат и да се восхитуваат на нашиот народ и нашето единство...

НИЕ СМЕ АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ И НА ЛУЃЕТО КОИ НЕЗНААТ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Сега да се вратам на некои работи што треба да се поправат!
Значи кажав дека одиме кон подобро, НО не е се подмачкано и како што треба... да бидеме реални! Многу работи во Македонскиот менталитет треба да се променат.
Пред да заминам на одмор прочитав работи од кои ми се згади животот но немав време да напишам статија каде ќе го кажам моето мислење за работите кои се случуваат во Македонскиот мозок! Читав многу статии каде што гледав расправии за рефунд... ЗА РЕФУНД АЛООО! ЗА 3000 МКД! МИЗЕРИЈА! Во таа работа ги обвинувам и власта и граѓаните затоа што и двете страни се виновни за тоа што се случува и во врска со рефундот.

Истиот тој период пред да си заминам на одмор ја прочитав и статијава на Демигод каде што ми светна добра идеа...
Зошто да се дава тој рефунд?! Еве јас како командант на ДБК би прифатил да не земаме рефунд без никаков проблем и притоа моите војници ќе пукаат за Македонија и по наредби на Македонија! Панзери веќе некое време не земаат рефунд и пак пукаат за Македонија (секако секаде има и исклучоци).

Едноставно нека се скрати тој рефунд скроз, никој да не го зема и поради тоа и ќе нема зошто да има расправии, НО тие пари секако пак ќе одат за војската и за цивилите кои би следеле наредби за Македонија!

Сега ќе ви објаснам што сакам да кажам!

Значи војниците повторно да земаат помош од Македонија, но овој пат тенкови и храна ќе можат да добијат со активност на канал на кој ќе се вршат поделбите на храна и оружје. Дневно за рефунд на единиците се трошат 75 000 мкд, од кои може да се купат 1100 тенкови и 10 800 ку5 лебови со кои верувајте може да се опремат околу 500 луѓе (секако и војници и цивили).

На кратко да кажам... НЕМА РЕФУНД ВО МКД ПОВЕЌЕ! Тоа ќе биде само во тенкови и храна за активните војници, барем парите нема да одат залудно и ќе се потрошат максимално...
Сепак се надевам дека нема да има потреба од сето тоа и како што иде времето работите ќе се вратат полека во колосек! Сепак паметот во глава и прочитајте убаво ова што ви го пишувам и ќе ви стане јасно што сакам да кажам! ЗИК ХАЈЛ!