Предлог до МОД - Резервисти [VOIX]

Day 1,361, 06:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Драги Македонци, денес не ми беше во план да пишам статија, но погледнав една статија од српскиот МОД од која после ми светна една прекрасна идеа за организирањето на цивилите на Македонија за важните битки и со кое ќе можеме полесно да ја организираме нашата војска.

Вака како вовед морам да напоменам дека на ерепублик пишува дека имаме 12 000 жители, но реалната активност на бројката е драстично помала. Значи активните цивили ги има многу помалце, а знаејќи ја нивната бројност во однос на војниците (која е многу поголема) тогаш доколку овој предлог биде реализиран од владата (се надевам дека после статијава ќе почнат да го спроведуваат), тогаш ќе можеме да се потпреме на навистина голема помош од нашите цивили. Знаејќи дека цивилите се итоа како способни да земат битки, посебно тешки битки тогаш планот треба што побрзо да се спроведе! За да успее планот треба да се земат во предвид неколку чекори...

Да се увиди бројноста на цивилите!

МОД треба да организира нешто како пријавување за евиденција од страна на цивилите... значи да се направи посебен канал каде цивилите ќе можат да се пријават или пак тоа да се прави во организацијата во МОД и тоа пријавување да трае на почеток 5 дена (земам таа бројка како пример), а понатаму да се прави истото пријавување барем еднаш неделно (знаејќи дека би иделе нови цивили или пак нови регистрирани кои ќе го достигнат лимитот за станување резервист). Кога би се увидел бројот и ако се пријават повеќе во склоп со буџетот на државата може да се направи некоја селекција за резервистите да станат дури и појаки. Секако за пријавување може да има и некој посебен формулар.

Определување на силата и други услови за влез!

Да се определи силата на резервистите и да се види со каква просечна сила располагаат цивилите кои се пријавени како резервисти. Значи еве ние можеме да земеме почетна сила да биде над 250 сила и ако има премногу пријавени (бројка која би го оштетила буџетот на државата) тогаш може најслабите да се остранат(иако не би го препорачувал тоа). Исто така како друг услов би вклучил тие резервисти што ќе се пријават да не бидат дел од воена или паравоена единица, значи да бидат само цивили. Исто така друг услов е резервистите да бидат жители на Македонија. Секако нареден услов би го ставил (можеби и најважен) да имаат какво такво присуство на чат!

Посебен член на МОД тимот задолжен за резервистите!

МОД море да определи уште еден член, кој исто така ќе има и негови 2 заменика кои ќе бидат стрикно задолжени за резервистите. Значи евиденција, праќање пораки доколку се потребни и делење на тенкови и храна. Секако ова ќе бидат дополнителни трошкови на државата, НО ДОКОЛКУ САКАТЕ СИЛНА ДРЖАВА ОВА МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ! Со силна организација на овие резервисти може да станеме непобедливи, замислете за која бројка станува збор?!

Секако и цивилите ќе имаат други бенефиции!

Значи со делењето на тенкови и храна за важните битки овие цивили многу побрзо ќе напредуваат и ќе напредуваат рамо до рамо со членовите на паравоените единици. ЗНАЧИ ДОКОЛКУ СЕ СПРОВЕДЕ ОВА ВИ ПРЕПОРАЧУВАМ ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВЕДНАШ!

Бенефиции на државата!

Екстра посебна штета на непријателите, но што е најважно подлога за иднината. Доколку ова се спроведе тогаш Македонија би имала добра подлога за иднината.

Доколку овој план се спроведе можеби нема да профункционира овој месец, но ќе се спреми оваа организација за наредниот месец и за масеците што престојат. ВЛАДАТА МОЖЕ УБАВО ДА ГО ОБЕЛЕЖИ ОВОЈ МАНДАТ СО РЕЗЕРВИСТИТЕ!