За народната поделба [VOIX]

Day 1,358, 10:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Два канали на македонската заедница? Македонија поделена? Половина од нацијата има едни ставови а половина други? Зошто? Време е да ви раскажам една приказна која незнам колку ќе опфати, но сепак ќе се обидам да опфатам се...

Како што можете да видите во моментов Македонија е можеби единствената земја која има два национални канали и тоа покажува дека народот е целосно поделен затоа што половина од тие што се на #emkd сега се и на #erep.mkd , кои незадоволни од претходниот национален канал се префрлаат на другиот алтернативен канал на Македонија.

Луѓе државава се наоѓа во исклучително лоша позиција (не поради битките тоа е најмал проблем) поради тоа што атмосферата во самата држава е многу врела. Секогаш (можете да видите во моите статии кои ги пишував претходно) сум се борел за обединет народ и обединета држава, НО денес нешто ми пукна во главата... поточно тоа беше вчера! Неможам ни самиот да се препознаам на моменти, но совеста ме натера да се приклучам на алтернативниот канал во кој се собравме поради револт кон операторите на #emkd каналот и сигурен сум дека многу незнаете поради која причина е отворен тој алтернативен канал, но јас сега се ќе ви објаснам.

Значи тоа што се случува во власта нема врска со каналот (барем не делумно) и се се прави само поради една причина. На сегашниот национален канал “главни“ се скоро сите членови на АрМакедон и поради таа причина дојде до овој револт на народот кој реши да се подели! Немојте да ме сватите погрешно ќе ви објаснам се што сакам да кажам и АрМакедонци немојте да ме сватите погрешно... Има многу членови на АрМакедон кои се супер дечки и со кои имам добар муабет (денес зборев со ГокаГрозни за кого исто така стекнав многу високо мислење), НО има неколку души кои едноставно имам чувство дека мислат дека ја поседуваат Македонија и нејзините национални канали! Луѓе сватете ме дека јас сум прв кој сака да бидеме обединети затоа што само тој е единствен начин да ја вратиме империјата, но мислам дека Македонија (вклучувајќи ги нејзините канали) треба да биде за сите, а не само за некои личности. Мислам дека сето ова пукна поради грешката на лавчан (иако вриеше долг период)! Време е за некои промени во тој поглед, но прво сакам да напоменам нешто! Знам дека многу ќе ме плукаат во оваа статија кои намерно не сакаат да сватат што сакам да кажам, но време е да бидеме реални и да најдеме вистинско решение за овој ГОЛЕМ проблем.

Сепак има решение!

Прво морам да напоменам дека не ни сакам да бидам дел од операторите затоа што не е лесно да си дел од нив, но имам едно поизгледно решение кое треба да биде приоритет на МАКЕДОНЦИТЕ во овој момент затоа што ако го решиме сето ова голем дел од проблемите ќе ги решиме. Што сакам да кажам?
Сакам да кажам дека на националниот канал на Македонија не треба да има 20 души оператори од АрМакедон а од половина од единиците по ниеден член, туку треба да се има некој баланс (прво да дополнам дека јас не сакам да бидам тој што ќе има оп од мојата единица туку ќе назначам друг, секако доколку се исполни ова) во кој од секоја единица ќе има еден до двајца кои ќе бидат оператори на каналот, а не од некоја единица 10 души, од некоја 5 ,а од некоја ниеден. Сакате слога? Дајте му функција на целиот народ, а не само на некоја група на граѓани на Македонија. Еве ако АрМакедон дотолку се бунат (читај неколку членови на АрМакедон) тогаш може да имаат и до 3 оператори, но да се има 10 оператори од една единица е премногу и јас само сакам да се има баланс во еМакедонија и за тоа ќе се борам до крај!!!

Сигурен сум дека основачите на алтернативниот канал ќе се согласат за оваа работа (за доброто на еМакедонија), а и сигурен сум дека операторите на националниот канал ќе се сложат со овој предлог.

Уште една порака до сите тие кои ме замразеа од вчера!!!

Немојте да ме мразите поради тоа што сум реален и поради тоа што го сакам најдоброто за овој народ... Јас ја сакам Македонија силна и некои наши граѓани треба да си го остават егото на страна и да гледаат малце за цела Македонија а не само за нив. И уште нешто јас не мразам никого само сакам правда и за неа ќе се борам против секого и со секого....

Поздрав Македонијо и стани обединета!!!

Едит: да има 3-4 души заслужни цивили кои ќе бидат исто така оператори на каналот