Кандидатура за претседател [VelAco]

Day 2,602, 16:42 Published in North Macedonia Serbia by TheOldMan67
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ

“ЈAС НЕ САКАМ ДА СЕ КАНДИДИРАМ, ЈАС САКАМ ДА ПОБЕДАМ”

Немав некоја посебна намера да се кандидирам за Претседател на еМакедонија, меѓутоа после успешниот мандат на volk 1975 во кој дел од членовите на DSW земаа активно учество, во единицата спонтано се наметна паролата:

И после волк – ВОЛК

Овој успешен мандат мора да продолжи во истиот стил – ЖЕСТОКО, ОДЛУЧНО и ЧЕСНО. Знам дека повеќето од вас ќе плукаат од добро познатите причини во минатото (посебно за третиот принцип), меѓутоа одлуката за формирањето на DSW е заради некои луѓе од некои партии кои веќе не се активни. Затоа топло ви препорачувам да не ја трошете телесната течност без потреба.

Драги пријатели (и непријатели),

Во играва сум доволно долго време – за некој ден ќе наполнам 4 години, пред се ја одбрав улогата на војник (подоцна и платеник), додека со политика се занимавав одвреме - навреме. Во наредниот мандат не ветувам сензационални работи, меѓутоа како и во реалниот живот, се што работам сакам да биде перфектно направено, иако секој човек и греши. Затоа, ќе одберам тим во поширок состав во кој можат да влезат сите заинтересирани кои се спремни и вољни да помогнат. Можеме да успееме ако работиме заедно, ако работиме сложно, ако работиме како ТИМ.

Ова е официјалниот тим:

PRESIDENT

VelAco

PRIME MINISTER

Aminta Makedonecot

MINISTER OF DEFENSE

Glamche

MINISTER OF FOREIGN AFFAIRS

Phantom MKD

GOVERNOR

Maxep

MINISTER OF EDUCATION

akconel

Секако дека покрај овие официјални министерства, ќе работат и останатите (министерство за здравство, министерство за информирање, итн.), во кои ќе поставам проверени и докажани играчи, кои и досега успешно ја извршувале функцијата и поставените задачи. Најмногу работа очекувам во министерството за одбрана, каде што за помошници на MoD ќе назначам неколку активни играчи од сите дивизии, додека целокупната активност за сите актуелни прашања ќе се одвива во неколку кружни пораки.

Приоритети:

1. Задржување на освоените територии во Канада, Ирска и Англија
2. Потпишување на договор со Канада
3. Интензивна помош на сојузници
4. Освојување на други територии и ресурси
5. Полнење на авионот со керозин
6. Продолжување на преговорите со Грција


Деновиве, актуелно беше прашањето дали да се активира AS и на која држава. Таа одлука ќе ја оставам на Конгресот, меѓутоа совет ќе побарам и од старите и искусни играчи. Што се однесува до продолжување на преговорите со Грција – истите треба да се одвиваат и натаму. Лично не сум убеден дека успешно ќе завршат, освен ако нема некоја значителна промена на сојузите. Во овој период треба само паметно да ја одвлекуваме нивната штета од важни битки кои би ги воделе сојузниците.

Почитувани еМакедонци,

Претседателските избори треба да бидат фер и според ваше мислење и ставови нека победи најдобриот. Меѓутоа, да работиме како ТИМ, затоа што знаеме каде одиме, знаеме што сакаме и со заедничка енергија да ги оствариме поставените приоритети.



Затоа што за нас изборот е еМакедонија!

Затоа што за нас државата е пред се!

еМакедонија е пред се!


VelaCP
Претседател на еМакедонија... Кандидат де... 🙂