Кандидат за конгресмен [VelAco]

Day 1,402, 08:13 Published in North Macedonia Serbia by TheOldMan67

Драги сограѓанки и сограѓани на еМакедонија!

Знам дека е ова тежок период за сите нас и верувам дека на никој не му е дојдено до конгресменските избори кои следат за некој ден. На последните избори за конгресмен беше сосема друга приказна. Се делеа пари, злато и тенкови на сите страни, се активираа сите мулиња (пардон мултиња), со единствена цел да се седне на удобната фотеља.

На последните избори бев за прв пат кандидиран за конгресмен од мојата партија МРДЉС и воопшто немав намера да поткупам било кого. Најголема подршка и гласови добив од членовите на мојата единица ВОЛЦИ и од неколку добри пријатели, меѓутоа ниту од далеку не беа доволни да стигнам на првите две места. Нема да кријам, во втората половина од денот почнав да купувам гласови (можеби 20 - 25), бидејќи бев изреволтиран од пораките што ми ги праќаа двајцата противкандидати. Успеав да влезам во Конгресот, а веќе следниот ден противкандидатите беа банирани... Чудно!

Бидејќи добро ги познавам механизмите на играва, а сум и еден од повозрасните тука ('67 годиште), мислам дека одлично го сработив мандатот. Моите колеги имаа некои мали киксови (објава на војна на Кина, давање државјанства на странци со брдо фирми, терање некакви инаети и сл.), меѓутоа опростено им е заради нивната младост и избувливост. Од друга страна, голем срам е за некои конгресмени кои го напуштија Конгресот со цел да земат државјанство во други земји заради ресурсите, оставајќи ја притоа еМакедонија на цедило затоа што се молевме кој да го поднесе законот за донирање пари во НБРМ (според мене еден од клучните закони за кој не смее да се губи ниту минута).

Друга работа која треба да ја спомнам е нередовното присуство на официјалниот канал. Таму секој ден се собиравме само неколку исти фаци, а овие денови (после падот на Арабија) каналот како да умре. Според тоа, без разлика дали ќе бидам на ова место или не во наредниот мандат, овие негативни работи треба да се искоренат.

Денес желбата на јужниот сосед да не окупира остана „пуста желба“, меѓутоа од страв дека Западна Македонија пак може да падне, во тој регион се кандидирани двајца играчи. Јас викам дека до изборите наместо 3 ќе имаме двојно повеќе територии...

ЗАТОА!



ТОКМУ ТАКА!
ВАШИОТ ГЛАС СЕ БРОИ...

ГЛАСАЈТЕ ЗА МРДЉС

ГЛАСАЈТЕ ЗА VelAco >>> Western Macedonia