[VanCho] Каде и да си, пред Божиќ, зад Божиќ, дома да си...

Day 1,504, 14:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добра ти вечер Македонијо каде и да си,

би сакал да ја искористам оваа прилика на сите вас да ви ја честитам Новата 2012-та година и предстојните Божиќни празници со желба за многу здравје, среќа и љубов, а верувајте парите сами ќе си дојдат.

Има една народна поговорка, кој јас ја имам слушнато за прв пат од баба ми, која гласи:

Каде и да си, пред Божиќ, зад Божиќ, дома да си...

Токму оваа поговорка ја искористив како наслов на мојата прва статија во новата 2012-та година. Како што знаете, Божиќните празнувања се пред се’ фамилијарни. Денови во кои семејството се собира на традиционалната посна Бадникова вечера, и задолжителниот Божиќен ручек со кој се одбележува Рожденството Христово - Божиќ. Нејсе, да не должам многу, на сите Вас кои го славите Божиќ би ви посакал мир во душата, здравје, и нека Господ Бог бдее над вас и вашите семејства и во текот на оваа наредна година.



Да прејдам на главното. Јас оваа еРепублик заедница ја гледам како едно големо семејство. Многу различни сме, а сепак едно исто не поврзува. Нашето семејство е еМакедонија.

И нели како што е ред, за Божиќните празници, семејството да се собере дома, ве повикувам, сите вие кои во моментов сте надвор од оваа наша еТатковина, да си дојдете дома...

Зошто баш јас?
- Затоа што ТИ си дел од ова големо семејство, ТИ СИ еМАКЕДОНИЈА!

Зошто баш сега?
- Затоа што ни предстои тежок период, затоа што сме пред голем предизвик, затоа што сме Македонци!

Како што и самите гледате, целиот сојуз губи во скоро секоја битка, само ние и еСрбија колку толку опстојуваме. Полска е скоро избришана, Унгарија беше на неколку дена. Другите земји или се избришани или се во тешка ситуација. Ова е сосема нормално, еТурција по преминувањето од другата страна, многу силно го наруши односот на силите помеѓу двата сојуза (велам двата бидејќи ТЕРА и ЕДЕН функционираат како еден сојуз ТЕДЕН)...

Некој доста мудар човек рекол:

Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен!

Да се разбереме, ова е игра, тука сме за забава...ништо страшно и да не избришат, па дури и да не држат окупирани подолго време.

Скоро на сите ни е јасно, дека на почетокот од наредниот мандат ние сме на ред. ТЕДЕН имаат добра тактика што напаѓаат групно. Му се нафрлаат на еден противник се додека не го окупираат или не дојде друг приоритет.

Не очекуваат тешки битки, и порази, и победи...

Дајте барем во овој нареден период, да им ја направиме нивната мисија, ЃАВОЛСКИ ТЕШКО ОСТВАРЛИВА...НЕКА БИДЕМЕ MISSION IMPOSSIBLE...ДА БИДЕМЕ ТВРД ОРЕВ КОЈ ЌЕ ГИ СКРШИ НИВНИТЕ ЗАБИ

Па дури и да потфрлиме, ништо страшно...едноставно ќе имаме уште поголеми мотиви за борбата за слобода и за одмазда!

МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ, сите вие што се чуствувате дел од семејството наречено еМакедонија, ДОЈДЕТЕ СИ ДОМА! Дојдете под барјакот на еМакедонија! Спремете ги тенковите и базуките, отпакувајте ги чоколатцата and let the game begin 🙂

Да сте ми живи и здрави о>
Да ни е долговечна Македонија ♥



ХРИСТОС СЕ РОДИ!

EDIT: Ако не некого навистина му се проблем тие 1000 МКД при враќање, пишете ми ќе пробам да ви помогнам!

ЕДИТ НУМЕРО ДУЕ!!!

Од извори блиски на Владата дознаваме дека оваа статија е пропратена со БЛАГОСЛОВ од нашиот еОТЕЦ кој е на еНЕБЕСАТА. Д УАН ЕНД ОНЛИ ЏИЗ’С ХОЛИКРАЈСТОВСКИ