Да ви објаснам нешто!!! [V O I X]

Day 1,304, 10:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Денес се вклучувам на ерепублик си сработив се тоа и вежбав, но после тоа ми се појави она старопознатото MAINTENANCE. Се мислев што може да менуваат сега админите.... кога ја направија измената гледам дека може да се наполни енергијата на секои 6 часа во денот!! Да ви кажам искрено многу бев среќен, а и како што приметив во шаутовите, исто така и многу други еМакедонци конечно го добија тоа што го сакаа... а тоа е да можат да пукаат повеќе здравје во денот и барем приближно да прават разлика како тенковите кои трошат многу злато во играва. Само драги мои еМакедонци едно нешто ме интересира. Дали вие некогаш ќе пораснете и ќе направите нешто вистинско добро за еМакедонија?!

Прво да напоменам нема да има никакви слики во оваа статија затоа што не сакам да навредам ниту да вклучам некого во оваа статија дури ни преку слика!
Сега ќе кажам некои работи кои еМакедонците мора да ги разгледаат за да им ја направат играта интересна за сите, но ќе започнам со едно прашање.

1. Зошто вие усвари ја играте играва?
Ме интересира зошто повеќето од вас ја играат играва? Сакате да бидете патриоти? Сакате да се забавувате а притоа да помогнете другите во светот да ја запознаат Македонија макар и во игра? Или пак сакате да си лечите лични комплекси? Би сакал одговорите да ми ги напишете подолу во коментари, а јас ќе ви објаснам сега што е патриот или човек што си ја сака државата!

ПАТРИОТ
Дали мислите дека сте патриоти само ако тенкате премногу злато? ( ова сепак не го кажувам за тие што навистина се трошат за Македонија и даваат РЖ пари), но го кажувам за тие што мислат дека помагаат на еМакедонија. Од една страна кога тенкате да помагате на еМакедонија, но од друга страна кога вашето злато(кое сте го купиле со РЖ пари) немојте да го злоупотребувате и да си играте со Пазарот! Целта ми е да ви објаснам дека: истенканото злато не ви вреди ако од друга страна и одмагате на еМакедонија

Пазарот
После денешниве измени мислам дека е добра шанса да го средиме пазарот, но како што гледам некои иако се долго време во играта неможат да го сватат основниот механизам на пазарот!!!
Што и да ставите на продажба немојте да го туркате да биде со најниска цена, туку можете да го направите да биде по најниската цена што е моментално на пазарот а не да спуштате за 0.01 мкд за да ви се продаде!
Ако тоа што сте го ставиле не се продаде одма ќе се продаде за некој си 2-3 саати сигурно (посебно поради новата измена многу ќе биде баран производот).
МАКЕДОНЦИ СВАТЕТЕ И АПЕЛИРАМ КОН СИТЕ ДА НЕ ГО СИЛУВАТЕ ПАЗАРОТ!
После ќе плачете дека економијата не чинела, а усвари на крај ние сме сите виновни за неа. Сакате да бидете мажи? Понашајте се како мажи и како вистински Македонци,а не како п**ки!

Паравоени единици
Читав по некои шаутови дека сега нема да се има никаква контрола над паравоените! Секако до некаде во право сте што викате дека е тешко тоа, но...
Може и тоа да го решиме до некаде. Значи тоа што сте го давале за еднаш во денот сега давајте го на два пати или пак незнам на три пати(зависи од тоа која единица каква филозофија на работа има). Сепак тие членови(гледајќи го пазарот) спрема бројот на рефунд што земаат од единицата се многу повеќе платени од цивилите и поради тоа мора да сватат дека треба да следат наредби кои се дадени од владата и од државата! Значи повторно непослушните членови треба да се казнат, нема друг начин!

Значи да повторам уште еднаш!!! Не си играјте со пазарот и со војните кои ги има еМакедонија(значи не бркајте БХ во непотребни битки)! После ќе плачеме сите!!!

Кому му се допадна нека ја шаутира статијава!

П.С - НЕМОЈТЕ ПОСЛЕ АДМИНИТЕ СЕ КРИВИ, ТИЕ ДОВОЛНО НАПРАВИЈА БАРЕМ СО ОВАА ИЗМЕНА ДА СИ ЈА СРЕДИМЕ ЕКОНОМИЈАТА!!!

EDIT


> Дефиниција за патриот од VittaX - Патриот е човек кој освен што се грижи за потребите на државата и го чува нејзиниот суверенитет и интегритет, го почитува и суверенитетот и интегритетот на другите држави!