Интервју со претседателот на еМакедонија UnitedMacedonia

Day 1,105, 03:31 Published in North Macedonia Armenia by GokaGrozni

Почитувани читатели во оваа статија на GG Blah ке ви го презентира интревјуто направено пред десетина минути, со претседателот на нашата држава, господинот UnitedMacedonia.



Интервју со претседателот на еМакедонија UnitedMacedonia


1.Господине претседателе, дали сте задоволни од 50% успешноста на Baby-boom-от, имено имаме 4591 dead cityzen ?
-Задоволен сум од бејби бумот, 50% не е воопшто мала бројка за играчите што останале во играта. Барем постарите играчи ги знаат бејби бумовите како завршувале и во останатите земји, инаку факт е дека пола население ни е мртво ама и во другите држави е ист случајот дури и полош.

2.Дали мислите дека ке ни биде потребено да се направи уште еден bb или пак тој, очекувано би рекол, ке си дојде сам по себе со првата војна ?
-Бејби бум не е проблем како што реков имам веќе обезбедено медиуми за тоа што ќе пренесат и го ветив тоа во претседателскта програма, ама да оствариме нов бејби бум сметам дека треба да има подлога напад на нас од некоја држава или пак ние да нападнеме.

3.Како би ја оцениле успешноста на вашата предизборна програма ?
-Голем дел е сработено посебно за Економијата бидејки почетната состојба ни беше катастрофа со не повеќе од 100-тина фирми и ептен минимални плати. Знам дека и ова сега не е нешто којзнае колку но таков е патот на сите нови држави се во свое време, за останатото реорганизацијата е при крај така да овие денови ќе завршиме и со тоа, за напад на Грција што ветив дел беше да ги мотивирам нашите играчи да останат и како што напишав ќе ги нападнеме само ако ни се отвори реална шанса таа до сега барем ја нема.

4.Дали би побарале уште еден мандат, за да евентуално го дореализирале вашето ветување и доколку би се кандидирале за уште еден мандат дали би нешто промениле во предизборното ветување ?
-Искрено не сум размислувал до сега за нов мандат има време да го завршам првен овој потоа ќе размислам дали би се кандидирал, пред се дали ќе имам време воопшто да посветам толку на играва како сега. За промени секако дека ќе има ако се кандидирам неможе со истата да одиме повторно ..

5.Во јавноста се провејува некаква шпекулација за извесни проневери на државни пари, имате ли некаков коментар ?
-Обвинувања секогаш имало и секогаш ќе има тоа е факт, само проблемот е што тие играчи мене директно не ме прашуваат за некакви си „сумњиви“ донации туку зборуваат зад грб што се вика, а знаат дека јас секогаш сум во служба на нашите играчи ете и самиот знаеш вчера ме праша за кратко време доби одговор и како што реков може да ги видат донациите, имаат редовни извештаи што повеќе треба јас стварно незнам.
За проневери на државни пари дали има не верувам искрено, пристап до поголемите пари имам само јас, министерот за економија и уште 2-ца кои се во тимот за економија никој повеќе. Така да шансите да не се примети тоа се минимални да не кажам никакви.


6.Дали сте задоволен од работата на нашата влада и нашите конгресмени ?
-Во глобала сум задоволен од владата сепак мора да има и ќе има подобрувања, во врска со конгресмените сметам дека тие треба да си функционираат како посебна независна институција и искрено не им се мешам многу можат слободно да дискутираат, да предложуваат на министерот за економија пример предлози за закони и слично.

7.Приметлива е контрола над конгресот, имено последниве два закона се поднесени без дебата, ваш коментар по тоа прашање ?
-Па не е баш тоа контрола тоа едноставно си ја вршат работата што треба, требаа нови денари побарав од конгресмен да го стори тоа, инаку мислев дека сеуште немаат добиено пристап на форумот сите конгресмени па затоа не постави место за дискусија ..

8.Дали поделеноста на форумот, министерствата само да си дискутираат во нивни форум-теми, мислите дека не е продуктивна ?
-Според мене сметам дека е по-продуктивна пример што би барал министерот за здравство во одбрана или пак информирање во министерство за надворешни работи ? вака секој си ја врши својата работа и посветува повеќе време на неа наместо да гледа/пишува и во останатите. А и во рл е така не верувам дека оној за здравство има пристап до сите работи во надворешни работи (пример).

9.Ваша порака до еГраѓанството ?
-Бидете трпеливи и сложни тоа е најбитно, останатото се ќе си дојде со тек на време.


GG Blah, GokaGrozni