ПРВО интервју со идниот ПРЕТСЕДАТЕЛ, United Macedonia

Day 1,077, 14:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Со задоволство сакаме да ви го предадеме на читање, ЕКСКЛУЗИВНОТО интервју со КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА еМАКЕДОНИЈА, United Macedonia.
ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА прв го има како гостин идниот македонски претседател.
ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА е највлијателниот и најзначајниот весник во еМакедонија.
Затоа гласајте за оваа статија и претплатете се на највлијателниот весник во еМакедонија.

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Вие сте кандидат за претседател на на еМакедонија, како е чуството?
United Macedoniа:
Па ништо посебно сепак чуствувам многу поголема одговорност од предходно но тоа е нормално со оглед дека мнозинството те подржало за избори и очекува да го направиш она што си го ветил или повеќе од тоа.

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Која е вашата историја на еРепублик? Колку време играте и какви искуства имате?
United Macedonia:
Ерепублик играм од 28 Фебруари 2009-та година, имав некое време пауза сепак во последнава година може да се каже дека играм активно. За вториот дел од прашањето можам да кажам дека низ цело ова време собрав големо искуство, од амбасадор, конгресмен, член на главни одбори во партии, министер исто така и како војник во војници единици ширум светот (највеќе во Србија).

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Зошто одлучивте да се кандидирате на Претседател на еМакедонија?
United Macedonia:
Пред се зошто сакам да докажам дека Македонија може да стане една од водечките сили во играва и да го докажам моето искуство во играта како и секако да има поголема конкуренција во изборот зошто ретко кој превземаше одговорност да се кандидира за претседател и да ја превземе истата.

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Ве молам кажете ми нешто повеќе за Вашата програма, како ќе ја водите Македонија?
United Macedonia:
Како што веќе напишав во кандидатурата пред се 1-ва цел ќе ми биде донесување на нови играчи и нивно задржување зошто играчите се основа за секоја јака држава.. потоа и единство кај сите наши играчи. 2. Унапредување на Економијата и Армијата како едни од најважните сектори во играта. 3. Заштитување на државата од окупирање како и доколку се отвори можност (а реални) се шансите окупирање на Грција заедно со држава која ни е најголем пријател и сојузник а тоа е Турција.
Тоа е накратко повеќе може да прочитате во програмата објавена на форумот.

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Дали ќе бидете претседател на сите граѓани, без разлика од која партија се или без разлика дали се ЏОМБИ или БЕЈБИ-БУМ генерација?
United Macedonia:
Нормално како што реков и погоре единство на сите наши играчи без разлика кој левел се дали нови или стари, без разлика дали се муслимани или христијани и слично се додека се наши државјани и работат и мислат добро за Македонија ќе бидат еднакво почитувани.

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Што се вашите планови за економијата? Кон каде ќе се движиме? Какви даноци ќе подржите?
United Macedonia:
Целосно му верувам на старо-новиот министер lazarosamkd кој е веќе докажан во областа на Економијата како познат еБизнисмен кој успешно управува со голем број на фирми.. а и целосно ги подржувам законите донесени од мнозинството на конгресот и секако министерот. Воедно важно е да напоменам дека и познати странски Економисти во играва го поздравија планот за даноци/монетарен пазар како добар.

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Како да го забрзаме растот на македонската економија?
United Macedonia:
Основни работи за раст на Економијата е креирање на нови бизниси односно донесување на инвеститори во земјата, секако ова не би било возможно без нови играчи.. но не е целта само да да се донесат само нови играчи треба да се обезбедат прво добри работни места за овие што ги имаме.. после тоа постепено пожелно е да се прават редовно бејби бумови (донесување на нови играчи)и да се оди пополека со истите..

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Дајте ни едно ваше согледување за нашите надворешни односи?
United Macedonia:
Одлични барем засега според мене, Феникс членките не подржуваат сите со исклучок на Бугарија но сепак мислам дека ќе се вразумат и ќе го сторат они истото како останатите членки. Доколку не го сторат тоа ќе ги победиме во дипломатска борба зошто реално од самиот почеток имаме одлични односи со Феникс земјите, иако треба да се работи напорно во случај да нема никакви изненадувања и ништо да не се остави на случајност.

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Какви односи треба да градиме со балканските држави?
United Macedonia:
Па веќе може да се каже и дека имаме изградени односи со (скоро) сите Балкански држави пример со Србија имаме одлични односи уште од почетокот на играта не сме имале никакви проблеми, ни помогнале многу и ние сме им помогнале. Со Бугарија имавме релативно добри односи но во последно време се појавија некои нивни партии и играчи кои со некаква националистичка идеологија пробуваат да ги придобијат лесните гласачи маси во Бугарија .. и да некои предходни влади својата неспособност да организираат некаков си бејби бум или да ги задржат играчите (за пример само имаа 12+ играчи едно време) почнаа со лесни пропаганди со цел да го свртат вниманието во нешто друго а не во нивната неефикасност.

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Дали имаме доволни капацитети за да браниме еМакедонија?
United Macedonia:
Реално Грција моментално е сигурно 2-3 пати војно и економски подобра но кај нас има голем потенцијал а тоа се новите играчи што може да се забележи и во последните статистики, исто така после доаѓањето на Лазократите Македонија доби уште поголема ударна моќ со што сметам дека заеднички и со помош од сојузниците лесно ќе се одбраниме ..

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Каква сакаш да биде еМакедонија, после твојот мандат?
United Macedonia:
Незнам во каква ќе ја оставам па да коментирам подетално но во секој случај да биде слободна и барем проширена во Егејскиот дел а зошто да не и повеќе.. и најбитно ОБЕДИНЕТА и СЛОЖНА!

ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА:
Што е твојата предизборна порака за нашите соиграчи?
United Macedonia:
Бидете (доколку можете) по-активни на чат , форум, читајте весници, бидете сложни, мислете пред се на државните пред личните интереси, давајте идеи, слушајте ги советите од постарите играчи верувајте никој не би мислел лошо на новите кога седел тука година дена за една и единствена цел а тоа е Македонија!