ВОНРЕДНИ ВЕСТИ:ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА БАНИРАН,ГРЦИТЕ ЛУТИ НА TWO(OБНОВЕНО)

Day 2,101, 07:07 Published in North Macedonia Mexico by darko888

Нова вест:A1 дојде до принтскрин каде што претседателот на Македонија е во конфликт со Митев.На принтскринот јасно се гледа дека претседателот Персеј одрекува за причината за банот:


Нема ни една ден поминато од победата на Македонија,админите на Ерепублик го банираа претседателот за користење и раководење со други акаунти.

Македонските државјани во паника,лути на админите и шпекулираат дека ова е дело на Плато по повод победата на Македонија.Македонија во моментот кога најмногу и треба е без претседател и не се знае колку долго ќе биде баниран Персеј Македонски.Исто така не се знае ни дали ќе има некој кој ќе го замени местото на Персеј Македонски и ќе дава наредби додека тој е баниран.Од грчката страна за неуспехот ги обвинуваат сојузниците кои според Грција за време на востанието не се бореле за Грција иако грчките државјани секогаш се бореле за нив.Во Грција е спроведен закон за прогласување на Македонија за природен непријател кој се изгласува.

Исто така и во Македонија беше спроведен закон за природен непријател на Грција,но поради банирањето нема да може да се спроведе.Освен невозможноста да се прогласи Грција за природен непријател,Македонија неможе ниту да спроведе воздушен напад,ниту пак може некој да одобрува државјанства бидејќи нема конгрес,министерот за надворешни работи даде оставка а претседателот баниран.Ваква политичка криза во Македонија се нема случено во последните периоди на македонската историја во Ерепублик.Македонските државјани праќаа тикети до админите но ваква порака добиа:


По победата на Македонија,Грците сами исценираа востание во Повардарие кое беше подржано од грчки државјани со цел да ги истрошат македонските државјани во тоа востание.A1 апелира до македонските државјани да не се трошат во тоа востание туку само ако сакаат по нивна желба да пукаат без оружје.
Официјални изјави од преостанатите членови на владата нема,а македонските државјани не знаат што понатаму.Голема е веројатноста банирањето на претседетелот да е политички монтиран процес од страна на админите на Ерепублик со цел да се оневозможи создавање на конгрес,спроведување на воздушен напад,негласање на Грција како природен непријател и неовозможување на македонски играчи да добијат македонско државјанство.После овој настан слободата на Македонија е мал залак за Грција.
За повеќе информации очекувајте наскоро во следната статија на А1.





КЛИКНИ ТУКА И ПРИДРУЖИ СЕ ВО COT YOUNG FORCES