[Амбасадор во еСловенија]TrainingWar со еХрватска

Day 1,317, 10:19 Published in North Macedonia Armenia by GokaGrozni


Почитувани мои сограѓани, денес сакам повеќе работи да споделам со вас во врска со мојот амбасадорски ангажман во еСловенија :

-Конечно, од поодамна е назначен амбасадорот на еСловенија кај нас, тоа е MILAN SENTIC, за сите прашања во врска со словенците обратете се кај него или евентуално мене.

-Денеска кон крајот на денот се очекува темата на вашиот амбасадор Veleposlanik eMakedonije, во нивниот под-форум International and Diplomatic Area, да биде и официјално најчитана тема.

-Со релативно мал успех, можеме да се пофалиме и со учество на нашите битки, како приоритетни, во наредбите на нивниот весник на министерството за одбрана.Тоа е сегментот на кој треба да се обрне повеќе внимание наредните денови.

-Словенечката влада ја разгледува можноста за започнување на тренинг војна со Хрватите, потег кој допрва треба да го разгледува и анализира нашето раководство.Најверојатно поради оваа последново ке ми го ограничат пристапот до одредени теми на нивниот форум, меѓутоа морав да го соопштам на македонската јавност.Темата е отворена пред 40-45 минути и веќе има 7 гласа за предлогот.

Ги молам сите еМакедонци кои немаат словенци за пријатели да ја шаутираат оваа статија, како би ја виделе што поголем број наши граѓани


ПС.Човек не може на раат да позајми ни карикатура, еб*га кај ојде веков.

Veleposlanik eMakedonije, GokaGrozni