Кандидатура за Претседател на еМакедонија [Strumica United]

Day 1,500, 12:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumica United

Здраво Македонијо!!!

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ !!!


еЖивот

Гледајќи Сител слушнав за некоја си онлајн игра eRepublik, најпрво не обрнав многу внимание но сепак ми побуди интерес да видам што се работи поради тоа што се спомна за стратегија.Тоа беше дента после Божик,8 Јануари.Најпрво неможев да го пронајдам точниот назив но по неколку дена одново пробав и успешно ја пронајдов.Првите денови бев тотално изгубен во неа, после неколку дена разбрав дека треба да се работи секојдневно и да се тренира.После тоа добро го прочитав туторијалот за почетници па некако почнав да разбирам.Со моите 400 сила аплицирав на регрутацијата на SS ( Silver Shields ),така започна и мојот еЖивот. Потоа со уште неколку членови на SS поради неусогласување формиравме нова воена единица (немавме идеја како па ја крстивме Растур-Систем).Од тогаш па се до ден денес сум член во неа. После скоро една година од мојот почеток решив да се кандидирам за толку популарниот Конгрес, за чудо со помош на мојата партија и моите колеги од РСИ успеав да влезам во него.По долго размислување одлучив да се кандидирам за претседател на еМакедонија.Одлучив да се "откажам" од реалниот живот само за да Македонија биде ОБЕДИНЕТА и ПРОШИРЕНА.


Планови


1.ВОЈСКА

Фалангата ќе продолжи да работи како и сега со полна пареа,на чело со незаменливиот MagiMaster.
Во план ке биде и создавање на уште една воена единица која ќе ја зајакне и ке биде од голема помош на и така силната Македонска Војска!!!
Наредба ќе добијат сите воени единици за создавање на цивилни регаменти, кој ќе биде под команда на македонската армија, но ќе биде издржуван од министерството за здравство. Право за учевство во овај регамент ќе имаат само цивилите т.е. сите што не земаат рефунд од воена единица.

1.1 Рефунд

Пред се потребни се промени кои на прв поглед не се ни малку наивни, особено што првото што ќе го споменам е РЕФУНД СИСТЕМОТ.

Тоа е наједноставно да се прави вака - кога еМакедонија има потреба од засилено воено дејство се активира РЕФУНД-от - преку армискиот канал (па и весник) се издава наредба за пукање во одредена битка. Војниците пукаат со свои тенкови и храна, потоа прават screen shoot и пополнуваат формулар.

Одговорниот за време или по крајот на битката им врши рефунд т.е. во согласност со расположливите средства и направената штета им праќа РЕФУНД.

Документот за рефунд може да биде под контрола на совет составен од претставници на политичките субјекти и воените единици или пак може да биде ЈАВЕН. (Да се знае кој колку мавнал и колку добил)

2.НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Во последно време најатрактивно е вадењето статии за нашите сегашни сојузници или нашите идни сојузници. Тешко прашање кое што како што се движат работите ке треба да го решава тој што ке го наследи сегашниот Претседател. Да се навратиме малку наназад кога нашата држава владееше со пола еИталија па и повеќе, во скоро минато исто така подолго време под ропство ни беше и нашиот јужен сосед … поради кој 99% од играчите играме поради нив мора да признаеме !!! Сега некои работи се сменети,некои ги нема во ОНЕ, некои ги нема ни на еМапата …Што ли значи договорот во еСрбија што вели дека НЕМА да се одобруваат повеќе државјанства на Македонци!?! Ова прашање останува отворено затоа што е рано да се суди, но претставник на ОНЕ во мојот тим е Демигод_мк и мислам дека заедно со него и останатите од мојот тим ќе успееме да најдиме некое решение земајќи ги во предвид идните случувања во ОНЕ и во Македонија.

3.ТЕРИТОРИИ

За оваа тема мораме да бидеме претпазливи како и што ке ветуваме, според мене како што напоменав и погоре неможеме да ветуваме нешто невозможно … Со тоа според мене ако веке сме притиснати од сите страни со противници НАЈпаметно ке биде да ги зачуваме регионите во Египети Саудиска Арабија со оглед на тоа што ако веќе доага до напад врз нас за почеток ќе имаме два непријатели ( Турција и Грција ). Со образложение што ако останеме на нашите оригинални територии остануваме со помалку ресурси а и повеќе околни непријатели ( Турција , Бугарија , Грција и Албанија )

4.ОБРАЗОВАНИЕ,ЗДРАВСТВО,ИНФОРМИРАЊЕ

4.1 Образование

Веднаш ќе се направи нов туторијал за почетници и ќе биде издаден преку министерството за информирање.Со ова ќе им ја олесниме играта на бебињата и се надевам задржиме.

4.2 Здравство

Ова здравство можам да кажам дека моментално е неактивно.Истото ќе биде “издигнато од мртвите” и ќе работи со полна пареа. Здравството ке помага на воената единица “Baby Squad” и ќе организира поделба на цивилните регаменти неколку пати неделно во зависност од потребата.

4.3 Информирање

Најактивното министерство моментално,без дилеми.Ќе се издаваат статии и во нив ќе се пишуваат најновите промени што ќе се случуваат.Да се надеваме дека ќе продолжи со исто темпо како и во последните месеци.

5.BABY-BООМ!!!

Со моите скромни можности досега направив мал Бејби-Бум со објавување на информацијата на www.mn.mk кое беше мошне успешно со што се стекнав со добри реферали ( искрено да се пофалам 😃 ). Но искрено мислам дека мораме да се стекнеме со многу нови играчи. Јас само можам да ветувам дека ке овозможам да излеземе на еден ТВ медиум и со мала помош на мојот тим и на многу web-портали. Само да напоменам дека ке се пушти и во употреба нашата FaceBook страна eRebublik Macedonia.

6.ТИМ

Ги повикувам сите Македонци доколку покажуваат интерес за некоја од областите да ме контактираат.Сите предлози се добродојдени,а добронамерните критики уштеповеќе.
Сите заинтересирани потполнете го формуларот.
Тимот со кој ќе мислам да ја предводам еМакедонија во наредниот месец доколку победам ќе го објавам во наредната статија.


Ова беше само накратко објаснување.Подетално ќе има во наредната статија каде што и ќе се напише планираната работа на министерствата !


МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА !

Кандидат за Претседател на еМакедонија,[Strumica United]
http://www.erepublik.com/en/article/-strumica-united--1935389/1/20