Плато.. по којзнае кој пат [Stanojoski]

Day 1,673, 12:08 Published in North Macedonia North Macedonia by stanojoski


Кога ќе се спомене Плато во играва, секогаш се помислува на две работи:
Или ќе има попусти (читај на Плато му требаат пари)
Или прави измени (за Плато да заработи повеќе пари)



Но и во двата случаја има една заедничка жичка.. парите.. која води до втората работа која ќе ја помислиме.. Банирал некого (привремено или засекогаш) !!!

Е сега.. прикаскиве се вртени 100 пати барем периодов кога сум јас тука. Сите знаеме колку не е фер. Сите знаеме колку нелегални активности има. И сите знаеме дека тие што даваат пари во играта, не се банираат или добиваат привремен бан, а тие што не му даваат пари, ги бриши засекогаш. И сите знаеме колку неговите правила се незаконски според Европските закони и прописи.
И НИКОМУ НИШТО. Кучињата лаат, караванот си врви



Денес се случи нешто сосема различно, барем додека јас сум тука.

NESUMTOJ е играч кој игра од пред мене и лично го знам. Беше баниран привремено и му беа одземенени 440.000 МКД т.е. кога беше одбаниран, имаше 440.000 МКД во минус.

И дечкото си молчеше и секој ден работеше и пукаше за Македонија. За тоа сведочат статистиките на УДАР. Тоа се случуваше се до моментот кога сестра ми не напиша статија во која ја објаснува положбата на NESUMTOJ ја бара помошта од нас Македонците, да го вратиме тенкот назад во активна игра.



Македончето, како што е створено од господ, иако ќе си помрчи, иако ќе негира, сепак на братот Македонец ќе му помогне, кој колку може и како може. Наш си е наш. Брат брата.. итн.

И се си течеше како што треба, Македонците реагираа на статијата и NESUMTOJ дојде со минусот до -200.000



И денес.. нов настан.. Привремено баниран!

Сега.. не ни смееме веќе да им помагаме на нашите. Знаеме дека Плато е лаком по пари.. ама ова е веќе УЦЕНА напишана со големи здебелени букви.

Меѓу редови кажано е: АКО САКАШ ДА ПРОДОЛЖИШ СО ИГРАТА ПЛАТИ ГО ДОЛГОТ СО КАРТИЧКА

Некои ќе прочитаат и ќе се размислат
Некои ќе се насмеат и кје измрчат така му треба
Некои нема ни да прочитаат



Кој губи? еМакедонците. Губат тенк кој дневно пука 2-3 милиона за Македонија!
Кој е следен да биде уценуван? ТИ !

Како против Плато?
Заедно сме посилни! Престанете да купувате злато, адвокати и новинари кои ја играте играва, обединете се! Ако не ние, законот ќе го победи Плато.
Сите Банирани, а што сте купиле злато, оспорете ги трансакциите !!!
Шаутирајте.. споделете го мислењето.
Играта е вредна заради Вас, не обратно!!



Поради шансата да е статијава избришана.. ќе ја ставам и на google docs, Линк на каналот на тигри на Rizon можете да најдете.
Линк: http://tinyurl.com/plato-peder

Плато.. по којзнае кој пат [Stanojoski]
http://www.erepublik.com/mk/article/-stanojoski--2063411/1/20
~~~shout~~~