Интервју со нашиот и вашиот Severrus Snape

Day 2,666, 12:02 Published in North Macedonia North Macedonia by KRISTIJAN MAKEDON

Во продолжение ќе ви го прикажеме итервјуто со Severrus Snape кое е направено веднаш по изборите!

1.Какви ви се плановите во иднина со еМакедонија?
-Па, секако подобрување на сегашнава трула состојба, и се надевам со моменталнава политичка нестабилност во еСветот ќе се отворат нови можности за нас.
2.Дали во иднина ќе влезиме во некој сојуз?
-Тоа секако, Астерија само фиктивно постои на хартија сега за сега, прашање на време е кога ќе се растури тој сојуз и да се направат нови, по мое мислење.
3.Што ќе правиме со Грција,каков е планот да се ослободиме?
-Без разлика какви и да ни се односите, оваа војна стана веќе досадна и бесмислена. Се бориме до крај за оригиналните. Мислам дека ако мојот одговор на второто прашање е точен, тоа би требало и да го очекуваме во скоро време.
4.Дали е убаво да сте преседател на еМакедонија?
-Ахаха.. па зависи како гледаш на тоа. Да, се чувствувам одлично што ми е дадена таа можност да го претставувам еМакедонскиот народ во еСветот како Претседател на еМакедонија.
5.Дали почнавте со преседателската работа,што прво направивте?
-Прашањево е малце интригантно, но ете ќе се обидам да бидам краток и јасен. Исконтактирани се сите земји со кои порано сме имале контакт, и со тие и со кои сме немале контакт мило ми е да речам дека тие беа први што не контактираа. Во тек сме во преговори за едно ново МПП кое се надевам ќе бидат успешни, и работиме на наше ослободување и прилагодување кон новите промени што ги налага играва.
6.Големи ви се ли должностите како преседател?
-Да, секако. Секоја земја која сака да биде успешна треба да има активност како прво. Затоа тоа го барам и од еМакедонскиот народ, активност на ИРЦ каналите, дружење, создавање нови пријателства бидејки тоа е се што ќе ни остане кога играва ќе заврши, и секако активност на воените полиња, како нашите, така и на сојузничките.
Секоја голема моќ носи голема одговорност.
Како и да е, чест ми е што сум на ова место и што еМакедонскиот народ ми ја довери оваа позиција.


Секако уште еднаш ќе му се заблагодарам на претседателот за одвоеното време.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

Знаев дека ќе има некој што ќе мисли дека сам си ги имам одговарано па затоа еве ги одговорите...
за шоут
http://www.erepublik.com/en/article/-severrus-snape1-2504732/1/20