[SaJrUs] Кандидатура за претседател

Day 1,775, 09:16 Published in North Macedonia North Macedonia by SaJrUs
Здраво браќа и сестри Македонци!


*Edit*

Може некој веќе начул, прочитал еве и официјално да ви соопштам дека во Октомври месецот на втор роденден на еМакедонија и мојот трет ерепублика роденден ке настапам како еден од кандидатите за претседател на еМакедонското општество предложен од Републиканската партија во моментот подржан и од уште шест партии (eVMRO - DPMNE и Obedineti Makedonci и MNP-Makedonska Narodna Partija, Perspektivna partija na MKD, Revolutionary Party of MK, Bratstvo i Edinstvo - благодарам о/)


Да се биде на оваа функција во играта пред се треба да се биде многу време онлине, а време пред монитор верувајте не ми недостасува.
Ке се потрудам да бидам транспарентен и со народот во секое време, дали ке биде кратка статија или долг шут во кој ке се обидам да ви објаснам за ситуацијата во која се наоѓаме или за нешто што следува.


Уште пред да се осудам да кажам дека се кадидирам побарав благослов од еден човек.



Се надевам дека ќе може и тој да ми виси на врат како јас на него и да ми мрчи за се и сешто со тоа да ме направи поосетлив, а воедно и подобар претседател 🙂



Во оваа статија ќе ви го претставам површинскиот план за наредниот месец и тимот со кој ќе соработувам доколку бидам изгласан од вас се разбира.

Површински се разбира затоа што неможе се да се напише и предвиди уште од сега.


Надворешна политика:

Ова ќе биде најважниот сегмент на играта за нас во наредниот месец, целиот еСвет е во преговори и се коваат планови и сојузи, а ние сме МНОГУ пасивни кога треба да бидеме најјаки.
Единствено Дарко прави нешто во моментот ама и човекот неможе се сам.
Целта што ќе ја зацртаме да ја постигнеме ни е јасна како солза скоро на сите, не смееме во никој случај да дозволиме Србија, Бугарија и Унгарија како наши најголеми сојузници да ни избегаат на друга страна, мора да се седне на маса и да се зацврсти и зајакне сојузничкиот и пријателски однос меѓу нас, да се зборува за плановите и политиките во наредниот месец.
Со Полска не сме браќа и толку емотивно да се доживува овие нивни постапки ниту сме крвни непријатели како со некои и треба да се реши оваа глупа расправија што ја имаме, сега не е добро за нас ама утре нема да е за нив, немора да сме сојузници, немора да си помагаме ама може да не си одмагаме.
Со Америка се надевам на договор во брзо време, штом толку им бодат во очи нашите 10/10 да се одсечеме на старите 9/10 што реално не е ич лошо, а со тоа би се ослободиле и помагале на сојузниците.
Тимот за надворешни работи е составен од искусни играчи на кои им верувам и сум сигурен дека на крај работата ќе ја смириме и ќе договориме во наша корист, знам дека нема да биде лесно во никој случај ама тука сме да се избориме за најдобрата позиција која би можеле да ја имаме во моментот.

***Да заборавив да пишам дека ке се активираат амбасадорите, ни треба јака дипломатија и ке имаме амбасадори кои ке работат за наше добро и кај пријателите и кај непријатели.


Армија и внатрешна политика:

Како и секогаш во тешки моментот сме доста сплотени и обединети, поминавме низ тешки и интересни битки со USA, се размрдавме, многу се разбудија од летниот сон што поради интересниот период во игра толку и поради периодот од годината.
Мене сеуште ми бодат во очи големиот број ситни и неактивни, расцепкани и слаби единици, ќе покренам повторно иницијатива за формирање армија, не државна туку Македонска обединета армија каде сите ќе сме едно и едното ќе сме сите.
Верувам дека со позитивна мисла и добра атмосфера би можеле да напредуваме во формирање на оваа Македонска Армија.
Зошто би се залагал за нешто вакво?
Па пред се затоа што мислам дека би биле многу поорганизирани и јаки во битките, а и многу пообединети и без раздори во играта.
Системот за рефундот сега за сега би го оставил непроменет, ќе бидам иницијатор на организирање што е можно повеќе удари, ќе има удари и во важни и немногу важни битки.
На сугестија од ТРТЕ Т би сакал да воведам и еден натпревар помеѓу единиците за време на ударите

Пример:
+50 тенка за единицата со најголем инфлуенс на удар
+30 тенка за најбројната единица на удар
+20 тенка за играчот со најголем инфлуенс на удар
Со ова би се мотивирале единиците и би имало поголема посетеност на ударите, а би било и поинтересно за играчите.

Базука тим ке се активира повторно, секоја испукана базука +1 тенк
Секое востание подигнато во корист на државата ке биде складно рефундирано


Финансии:

Не сум некој голем економист ама знам дека виртуелни пари не ни требаат и дека ќе се потроши се што е соберено. И така секоја пара што се собира во касата доаѓа од народот тамо и ќе ја вратам па ако треба и натпревари за убавина ќе организирам 🙂
Секој потрошен денар ќе се запишува и ќе се знае каде оди и ќе има неделни извештаи.
За економија несакам ни да пишувам затоа што ја нема и не е контролирана од нас.

Секогаш е добро дојден бејби бум и секогаш сум ги поддржувал и помагал колку сум можел.
Во план сум да реализирам еден бејби бум преку реклами на сајтови за кои сум спремен да финансирам од мој џеб само ќе ми треба помош ако имате контакти од популарни веб страни, за ова ќе направам статија во тек на месецот за подетална организација.
***Овдека очекувам помош од Бебињата кога ке биде организирано да им помогнат и упатат уште помладите од нив, а секако дека ке ја имаате мојате безрезервна помош и пред тоа о/

Пред се ќе направам да биде интересно па како биде нека биде. 🙂

Сигурно сум испуштил работи кои сакам да ви ги кажам ама “ед’н памет за све” што би кажале Кумановци. 🙂



Водачите на тимот се луѓе кои ги познавам и на кои можам потполно да им верувам, нивните помошници ќе бидат луѓе веќе докажани во играта и оние кои сакаат да се докажуваат.
Секоја помош е добродојдена, ако имате време и сакате да помогнете ќе ве молам да ме контактирате.


Како и секој претседател прво треба да бидам безбеден, ви ги претставувам луѓето одговорни за мојата безбедност 🙂

Шеф на обезбедување:
Kojoti2
Телохранители:
Ivan Vancho Makedonski, StoleMKD
Aко ме тролате со нив ќе си имате работа 🙂

Претседател:
SaJrUs

Овде требаше да стои копија од мојот пасош ама по сугестии на група расисти бев приморан да ја тргнам :/

Премиер:
El Che G - The One and only El doctor

Стручни соработници воен дел и дипломатија:
Voix of Macedonia, Don Tas - Мислим шта речи 🙂


Министерство за одбрана (МОД):
Good Beer, Mandanata
Помошници и соработници:
Stole Lazarov, Romb0, TRTE T, Persej Makedonski, Felllix, MacedonianKvoda, SmkD, ivan.sk, Kevin09, Makedonija ne FYROM, Manolo M, UNISTUVAC.MKD, 3v3rything(регрут), foren23(регрут)

Министерство за надворешни работи (МОФА):
BlackMK
Помошници и соработници:
DarkoDimovski1, Admiral Trench(одел Амбасади), Palavec, Fersax(регрут)
***Ivan Vancho Makedonski прекомандуван од битанга во преговарач сус Пољска

Министерство за финансии:
Darkan7
Помошници и соработници:
Boban Panovski, Djuk75, Psycho1992(регрут)

Министерство за образование и информирање:
BugsMoney
Помошници и соработници:
Acko11, Lidija MK, aljupce

Министерство за здравство:
TashaMKD
Помошници и соработници:
Davorsk8, PaFKa4(регрут)

*Тимот е затворен*


Секако тука е Академијата составена од луѓе со огромно искуство многу пријатели низ еСветот кои се секојдневно тука за предлози, совети и полемики.

Јас ви гарантирам тотална посветеност од мене и моите пријатели и соработници во наредниот месец,
а од вас очекувам да ни посочите на грешките и помогнете да ги решиме.


Да живее Мајка Македонија, да живеат Македонските ќерки и синови \o/
http://www.youtube.com/watch?v=1X_egD6faUk

SaJrUs o/