[ S T R ] АНАЛИЗА НА ВОЈНАТА – ФАКТИ И ПОУКИ

Day 1,163, 09:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin



Почитувани еМакедонци !


Како што најавив вчера, денеска објавувам статија за анализа на војната, сега кога истата е завршена и ни претстои период на ослободување.


Времето за анализа е сега од две причини : прво, не е во ред да се анализира додека нешто се уште трае и од миг во миг се менува, и второ, денес уште ни се пресни впечатоците и ако оставиме да чекаме долго време, се плашам да не ги заборавиме научените лекции.


Анализата ќе ја презентирам во два дела : ФАКТИ – дел кој се однесува на надворешните фактори, и ПОУКИ – кој се однесува на нас самите, на внатрешната состојба и причините кои мислам дека беа пресудни за исходот.


Да нагласам дека нема да покажувам со прст, да обвинувам или да ловам вештерки. Ќе укажам пред се на СИСТЕМАТСКИТЕ недостатоци кои ги имавме и кои во претстојниот период мораме да ги поправиме. Не посочувам поединци, бидејќи за мене секој еМакедонец е вреден без разлика дали е 10то или 27мо ниво - секој од нив е скап. Оваа игра пред се зависи од БРОЈОТ на еМакедонци, а јас немам намера никого да го обрукам, разочарам и со тоа да го отргнам од еМакедонија. Секој ни е потребен ! Верувам во свеста на поединци, и ако некој осетил дека греши, нека му се прости, нека научи, за ако некогаш пак се нафатат на јавна функција во еМакедонија – истата да ја вршат подобро. Сите грешиме и сите можеме да се подобриме.

________________________________________________________________________________


ФАКТИ


1. Бојкотот на еТурција

Основната причина која не доведе до моменталната состојба е бојкотот на Турците. Не велам да им се лутиме или да ги напаѓаме ( тие бојкотираат со право ! ) – но сакам да сме на чисто зошто е вака како што е. И Александар III Македонски да беше Претседател на еМакедонија – пак ќе изгубевме. Кратко и јасно – ние не можеме сами против Бугарија и Грција.


2. ЕДЕН

Како што знаете – ЕДЕН постои и негова најнова членка е еБугарија. Феникс не постои. Затоа, цел ЕДЕН (кој и онака си има свои проблеми) преку Македонија сакаше да покаже дека уште функционира. Ние бевме нападнати не само од Бугарија и Грција, туку и од Романија и Хрватска. Ова е непобитлив факт. Да повторам : и Александар III Македонски да беше Претседател на еМакедонија – пак ќе изгубевме. Не можеме против цел ЕДЕН кој токму нас не’ одбра за да докаже дека уште е силен.


3. Скриптата Нинџа

Дури и кога сојузниците ни помагаа, дури и кога бевме блиску до победи – битките се губеа буквално во последните секунди. Сите знаеме за бугарската скрипта, сега веќе нема сомнеж за нејзиното постоење. Останува да се изјасни Администраторот дали е нелегална. Ако е така , и ние можеме сите да ја инсталираме. Сепак сакам да сме на јасно со уште еден надворешен фактор : еБугарија постои три години и разбирливо е нивната економија а армија да се посилни од нашата. Сите прикаски од типот „Готови се, пропаднаа, банкотираа итн... „ се муабети кои просто не држат. Да не се залажуваме со глупости. Постара еДржава се, и тоа е факт.



ПОУКИ


1. ТРЕБА ДА ИЗГРАДИМЕ АРМИЈА !

Да се собреме на #еМКД и да маваме заедно? Тоа е импровизација, тоа не е армија. Јас се гордеам со нашата постоечка Армија! СЕПАК :

Армијата не ни е дооформена и има уште многу работа за нејзино организирање.

Армијата ни беше целосно запоставена. Во неа треба да се инвестира, инвестира и инвестира!

Јас ја почитувам работата на секој поединец во нашата Армија. Затоа сметам дека во иднина треба целосно да и се посветиме. Конкретен план за тоа ќе изложам за неколку дена.


2. ТРЕБА ДА СЕ ОРГАНИЗИРАМЕ СЕРИОЗНО !


Цели министерства замреа и не функционираа во изминативе две недели. Некои министри не добија доволно буџет за да работат. Некои воопшто ги немаше онлајн. Само поединци правеа напори и секоја им чест за тоа ! Организирана и координирана заедничка акција немаше ! Хаосот кој што настана го почувствуваа сите граѓани. Не ни е крив никој од играчите кои критикуваа. Јас само не ги оправдувам оние кои користеа лош речник, но воглавно беа на место сите повици за подобро организирање. Конкретен план за тоа ќе изложам за неколку дена.


3. НЕИСКУСТВО

Неискуството си го зема своето. Се сеќавам на првиот ден од војната кога го пуштив извикот за ОСНОВНОТО правило дека се удара само во последните 5 минути. За среќа тоа заразно се прошири. Но тоа сепак ни укажува дека скоро сите сме нови и имаме многу што да учиме за оваа игра. Второ, ние се уште не се познаваме доволно меѓусебе. Не знаеме кои меѓу нас се добри организатори или добри стратези /генерали. Се на се, сме имале двајца претседатели, и не го знаеме капацитетот на други играчи. Се надевам наскоро ќе видиме и останати на дело, не само на зборови.

_________________________________________________________________________________



Оваа не е најисцрпната анализа, но не сакам да замарам со долги текстови. Тука ги изложив според мене најбитните внатрешни и надворешни фактори.


Иако е јасно дека војната ја загубивме пред се’ заради надворешни фактори – еднакво е јасно дека ни треба сериозна реорганизација и тоа од корен.


И тоа што побргу за да не не’ затекне некоја наредна војна.


Останете ми со здравје.


Ве поздравува Струмјанин.