[ S T R ] ЛИЧЕН ОТЧЕТ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 10 ДЕНА

Day 1,162, 07:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin




Почитувани !


Иако не без избран на директно гласање за функцијата која ја извршував во Владата во изминатите точно 10 дена, сакам да дадам јавен и јасен отчет за моите активности во тие 10 дена.


Моја анализа за војната, и за причините и грешките кои не доведоа до овде ќе дадам утре. Велам, анализа, а не вадење прљав веш и плукање по луѓето кои можеби згрешиле.


Бев назначен од Претседателот со цел да му помагам во активностите. Сум рекол, и пак ќе повторам, функцијата “премиер” во играва е крајно релативна работа. Оваа игра е базирана на Претседателсски систем и Претседателот ја носи сета воена и извршна власт.


На неколку саати по назначувањето излегов со Прво Соопштение до јавноста, со цел да ги објаснам моите приоритети. Владата ја повикав на состојба на постојано заседавање, но за жал каналот на владата на чатот речиси постојано беше празен со исклучок на Демигод_мк кој се појавуваше на истиот. Јас не сум ги бирал членовите на Владата и немав сила да ги донесам на каналот (или да ги сменам од функција). Конгресот, од друга страна, се покажа во силно светло и речиси постојано имаше присутни конгресмени. Во моето Прво Соопштение предложив и да се стави ред на каналот #еМКД, но и ова не беше прифатено.


( Во меѓувреме ја стопирав Медиа Могул Акцијата, иако доста успешна, бидејќи бев оптоварен со обврски во играва. Акцијата ќе биде продолжена. )


На вториот ден отворив Форум за економисти со цел стручните луѓе да дадат своите мислење за состојбата, особено за курсот на денарот. Иако добив многу добри предлози, жалам да констатирам дека се одзваа премалку луѓе спремни и вољни да и помогнат економски на еМакедонија. Има многу кандидати за наоѓање маани, а малкумина со конструктивни идеи КАКО да се подобрат сосотојбите.


Затоа формирав сопствен круг од луѓе чиј совет го ценам. Воден од советите на Лазароса, Кракерче и Васил Чакаларов – донесов одлука за промена на данокот. Истата беше доставена, разгледана и одобрена од Конгресот, и потоа следуваа низа слични закони со цел да се реагира соодветно за да се подобрат состојбите.


Патем го огранизирав пристапот на нови играчи преку банерот на тиме.мк.


До тој момент мојот фокус беше главно на економијата, а не на војната. Меѓутоа, кога истата се префрли на нашата граница ,се загрижив и режив да почнам да делувам и на тој план.


Силно се интересирав и за состојбите во АРМ и паравојските. Разговарав со Слајдер за моменталните проблеми во АРМ и како да се надминат, и со Демигод_мк за паравојските и како да се интегрираат во АРМ. Добив значаен увид што всушност се случува. За тоа утре ќе пишувам повеќе .


Дополнително, предложив мерки за економска стабилизација. Барем привремено беше стабилизиран денарот и најавив и покачување на минималната плата за кое бев предупреден дека нема да има позитивни ефекти.


Почна протестот на Турците и стана јасно дека нема да можеме да војуваме сами. Сфаќајќи ја сериозноста на турскиот протест – пишав отворено писмо на форумот на Ерепублик и се обратив до администраторите. Само ако тие нешто променеа – можеше да им се смени и ставот на Турците. Затоа направив обид за интервенција до нив. Администраторите НЕ одговорија, Турција остана да протестира, и војната влезе на наша територија.


Се активирав на дипломатски план. Воспоставив редовна комуникација со Претседателот на Србија и други влијателни играчи од таму. Тие ни дојдоа на помош во одбрана на Повардарие, битка која од добиена стана вересија. Со нив разговаравме и за други опции како да и се помогне на еМакедонија. Сепак, без Турците, балансот на силите беше сериозно нарушен.


Се трудев да остварам контакт со Турците но безуспешно. Со нив средба се случи за време на битката за Повардарие, заедничка на чат, заедно со неколку наши и нивни претставници. Одговорот им беше познат – дека немаат намера да го прекинат бојкотот.


Таа ноќ сите опции за комуникација со Сојузниците беа исцрпени. Немав избор освен да влезам во комуникација со Грција и Бугарија и да ги дознаам нивните планови. На најкултурен и најдостоинствен начин комуницирав со претставник на Грчката Влада. Предлогот кој го доставив беше следниот : прекин на сите непријателства додека Турција не го реши проблемот со администраторите. Тоа би значело привремен мир во сопствените граници, со цел да има достоинствена битка, а не земање турски територии без никаков отпор и борба. Грчкиот став беше дека тие веќе еднаш така постапиле кога цела Турција била банирана од Ерепублик и дека до ден денес се каат за таа одлука. Тие не беа спремни да и дадат витешка борба на Турција и речија да ја клоцаат додека лежи. Бугарија беше на иста линија – нивниот Претседател не сакаше да преговараат за мир.


Сите мои дипломатски активности не вродија со плод. Едноставно, пречката од бојкотот на Турција беше непремостива и ние ги изгубивме изгледите за водење успечна војна.


Мојот последен обид за мир беше направен вчера кога објавив статија за прогласување непробојна граница со Бугарија, како наша и нивна идна гаранција за ненапаѓање. Таа доктрина на безбеден грб ја подржувам се уште. Сепак, не вроди со ефектот за кој и онака имаше минимални шанси да го постигнам – да се склучи мир.


Лавовски се борев и за економијата и за дипломатијата. Во тие 10 дена немав свој ресор, но полнев дупки кај ќе стасам. Бев и економист ( а не сум Министер за економија ), бев и командант ( а не сум во армијата ), бев и дипломат ( а не сум претседател на еМКД ). Ништо од тоа не ме спречи, не патам од комплекси каква виртуелна “функција” носам, и со сите сили се трудев да придонесам.


Околностите беа такви какви што беа – а јас одговорив на погоре наведениов начин. Денес, ако бидеме освоени, официјално ќе престанат да постојат македонските институции на владеење.


За 10 дена ја научив како дише еМакедонија, подобро отколку во моите три претходни месеци игра. За се што увидов и сфатив, подготвувам Анализа која утре ќе Ви ја предочам.


Честитам на машката и достоинствена борба Македонци ! Ќе има уште борби, играва за нас штотуку почнува !


Од денес нема Влада – одам во илегала да им “поработам” малку на гостите 😛



Поздрав од Струмјанин.