Кандидатура за Претседател [ S T R ]

Day 1,258, 11:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin



Поздрав еМакедонијо !


Ја ставам пред Вас мојата трета и последна кандидатура за Претседател на еМакедонија. Во состојба на ограничено време и РЛ обврски, за жал, можам само уште во Мај да се нафатам да бидам Претседател. Секому му се доста три мандати, а знам дека во еМакедонија има многу способни дечки и дека треба да им се даде шанса да се докажат !


Лидер не е тој што цел време ја држи ‘власта’ за себе – лидер е оној кој е способен да создава други лидери.


Кои ќе бидат целите за месец Мај?

Да се вратат оригиналните територии и тотално да се уништи еИталија, а со тоа да се зацементира нашето присуство на Апенинскиот Полуостров засекогаш !


Влада на еМакедонија и Министерства


Во идната Влада ќе бидат застапени сите партии со над 10% членови на Конгресот. Ова е во правец на идејата која ја предложи Сарметина за соработка меѓу партиите и Влада одговорна не само пред Претседателот, туку и пред Конгресот.

Со тоа секоја партија која сака да наоѓа маани на Министрите од другите партии, прво ќе треба со сопствените Министерства да покаже како се работи добро и одговорно. Нема да постои поделба на власт и опозиција. Сите во одреден сектор ќе бидат ‘власт’ и ќе имаат можност да придонесат.

Затоа, на МНФ ќе им ги доделам Министерствата за Образование и Здравство, а на МнМ им го доделувам Министерството за Информирање. На овој начин, им се дава шанса на партиите да се покажат пред еМакедонската јавност. Истовремено, им се дава шанса да се тренираат, да видат што значи да се води еДржавата макар во одреден сектор. Тие ќе достават предлог до мене за кои да бидат Министри, а јас ќе го одобрам (или не) нивниот предлог. Верувам дека супер ќе соработуваме !


Заедничка команда на Војската


И тука најдов начин како да ги вклучам СИТЕ единици. Сите одлуки за војската (а пред се висината на рефундот) ќе се носат на седници на Генералштабот каде ќе се присутни сите водачи на единиците во еМакедонија. Нека седнат, нека се разберат ко луѓе, и како ќе договорат тие, така ќе се придржувам и јас. Сакам фер и транспарентен рефунд систем кој е одобрен од сите единици.

Со новиот модул за војување – организацијата на Војската е многу поважна од претходно. Затоа ја предлагам следнава организација :


Армијата (сите воени единици) ќе се организираат во 6 смени, секоја од по 4 часа.


Прва смена – Доручек – 08 .00 – 12.00 часот
Втора смена – Ручек – 12.00 – 16.00 часот
Трета смена – Вечера – 16.00 – 20.00 часот
Четврта смена – Ноќна – 20.00 – 24.00 часот
Петта смена – Секс смена – 00.00 – 04.00 часот
Шеста смена – Пилето ми пее рано на сабајле – 04.00 – 08.00 часот


Одговорен за заедничко удирање во секоја смена е Командант на смена.
Во текот на денот, Командант на смена има од различни единици (освен шестата смена која ќе ја организираме посебно). Пример, прва смена Командант од МТО, втора од Панзер, трета од Армакедон, четврта од СС, петта од СС итн. Ќе ротираат Командантите по единици по зависност од бројот на активни единици.

На каналот на Генералштабот мора да е присутен Командантот на смена и по еден претставник од секоја единица. Единица сама си одлучува кој ќе назначи за Командант на смена и сменски претставник. Ако не се појави Командантот на смена – неговата единица за наредниот ден губи 100% рефунф и еден казнен поен. Ако не се појави претставникот на единицата – наредниот ден неговата единица губи 50% од рефундот.


Значи да поедноставам, јас ако сум на пример Командант на Илуминати, на секои два дена во вкупно 12 смени, НА ЕДНА од нив мора да и назначам Командант, и плус во секоја смена морам да ставам претставник на Генералштаб.


Така добиваме постојано присуство на единиците на Генералштабот и поделена одговорност. Нема само една единица да доминира над другите – сите ќе си имаат свој Командант во текот на два дена. Командантот на смена прима наредби само од МОД-от или директно од мене.

Ќе направиме статистичка анализа кога имаме најмногу луѓе онлајн, кога сме најслаби , а кога најјаки. Тоа е пресудно за да знаеме кога да напаѓаме и како да се организираме.


Организираното удирање е сржта на овој воен модул. Ама не во последните пет, туку во првите пет минути од битката. Затоа секогаш удирајте силно НА ПОЧЕТОКОТ од битката.


Тимот



Нема да сум нон стоп онлајн. Затоа го поканувам Унитед Мацедониа да ми се придружи како Потпретседател повторно да работиме заедно. Немав време да му помогнам во претходниот месец кога планираше да се кандидира, се надевам нема да ми врати сега. 😛


Хобан ќе биде Премиер. Докажан и стабилен човек, не само што е коректени фер играч, туку почнува и да нанесува сериозни штети во битките. Во него гледам еден од идните тенкови на еМакедонија и сакам да е инволвиран што повеќе во одлучувањето.


ФениксМК и Иван Ванчо Македонски ќе бидaт МОФА. Знае да комуницира со луѓе, ќе ги посипи Сојузниците со прекрасни статии за да видат дека постоиме, дека сме активни и дека не’ бидува. Сите го знаеме како веќе добро докажан Министер за Образование, а јас во него гледам и иден Претседател на еМакедонија. П.С. Ванчо не сум го ни прашал, ама има да работи ич не го е*ам 2%. 😃


ДедаНое на позицијата МОД. Макед0нер одма до него, Трте, Ален 001 и Спиро, како веќе разработена и докажана екипа. Слободно може да додадат и други луѓе во тимот МОД кој е еден од најважните. Сепак, со сменското работење и Командантите на смена – силно го децентрализирам МОД. Сега веќе нема да е најбитно кој е МОД, туку колку сите единици придонесуваат за успешни смени под нивна команда.


Економија – ЛазаросаМКД и неговите сегашни заменици ќе си останат да функционираат. Последниве неколку дена оваа Министерство функционира одлично и сакам така и да продолжи. Кракер4е ќе биде одговорен за Финансии заедно со мене. Човекот нејќе да пишува статии, и работи индивидуално, ама е вреден, искрен и чесен, а тоа се ретки квалитети. Затоа останува со мене да ми помага да не се иагубам во бројките.


Министерство за внатрешни (прљави) работи. 🙂 Тука е нашиот мастермајнд : Демигод_МК. Сите планови и стратегии ќе се коваат тука, а Бога ми и некој ПТО може ќе се организира, од кај знаеме..? Ама наместо функција Министер, тука воведуваме функција Маршал. Кад је бал – нек је маскембал ! xD


За Министерствата за Образование, Здравство и Информации веќе погоре објаснив. Нека ме контактираат Претседателите на партиите ги молам, за да се договориме.


Воведувам уште една фукнција – Економски Експерт Император. Кој друг ако не Мацедониан Лион да ме советува како до огромна економија! 😛


И разбира се, повеќе помош овојпат очекувам одмојот драг пријател Гугле!


И да не го заборавам – сакам да замолам за благослов од Џизс и некој екстра совет од Дигисофт !!!


Драги мои – това би било. Долга статија, ама мораше да се објаснат некои работи...


ВАЖНО – МНООООООГУ МИ ТРЕБА НЕКОЈ КОЕ Е ЕПТЕН ДОБАР ЗА ПРАВЕЊЕ АВАТАРИ ВО ФОТОШОП. ИМАМ СТРАШНА ИДЕЈА, АМА МИ ТРЕБА АСАЛЕН ЧОВЕК !!!



Поздрав,

Струмјанин