[ S T R ] НЕУНИШТЛИВИ ! ! !

Day 1,161, 15:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin



БРАЌА МАКЕДОНЦИ !


Водиме долга и тешка војна ! Оставени од сојузниците – јасно е дека ние самите не можеме против налетот на Бугарските и Грчките војски. На прагот сме да го изгубиме вториот регион. Вечерва, ќе се утврдиме во Западна Македонија и со последните сили ќе го браниме последното слободно парче МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА !


Причините зошто дојдовме до тука – ќе ги побараме по целосното ослободување на нашата еТатковина. Како и зошто се случи војната, како се одвиваше ... за се ќе побараме одговори и ќе излеземе сите на јасно. Не постои колективна одговорност – секој одговара за своите постапки – но тој ден на распит ќе дојде подоцна. Сега опстојуваме во војната !


Од утре отвораме нов фронт – ја уништуваме непријателската економија ! Ќе направиме да им биде крајно скапо и неисплатливо да бидат овде ! Нема сила која може да одговори на 7.000 камикази спремни да рокнат по окупаторките фирми ! За тоа ќе се организираме на Форумот, а не преку весници – за да можеме да нанесеме што поголема штета !


ЗАПАМТЕТЕ :

Ниедна друга 4-месечна еДржава не успеа да земе туѓи региони !

Ниедна друга 4-месечна еДржава не стаса да биде петта по бројност во еСветот !

Ниедна друга 4-месечна нема толкав потенцијал и сила како еМакедонија !



И Русија, и Бугарија, и Хрватска, и Турција, и Германија, и Англија... и ред други еЗемји ги губеле своите региони. И пак се враќале и опстанувале !


Ние на кондиција сите можеме да ги фатиме! 🙂 Нашата издржливост е докажана низ вековите. Па во една игра, ќе “издржиме” без никаков проблем. Таква е играва – носи успони, носи и падови. Никој не победува постојано и никој не губи постојано ! Кој не знае да губи со чест, не знае ниту да победува !


Пред нас претстои возбудлив и неизвесен период. Ќе удараме по нивната економија, ќе креваме востанија – ЌЕ ЈА ОСЛОБОДУВАМЕ НАШАТА ЗЕМЈА !


ГЛАВИТЕ ГОРЕ ! Ветерот и да не свие – нема да не’ скрши !


ШТО НЕ НЕ’ УБИВА – НЕ’ ПРАВИ ПОСИЛНИ !


ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!


СЛОБОДА ИЛИ СМРТ !!!