Кандидатура за претседател [rolerpro]

Day 1,654, 13:21 Published in North Macedonia North Macedonia by VanHelsingMK


Поздрав еМакедонијо!!!

Еве, дојде и тој ден кога и јас се кандидирав за претседател, се со цел да помогнам на еМакедонија и на еМакедонците (се надевам нема да одмогнам 🙂 ).
Во играва сум од 06.11.2010 год. и се надевам дека добро сум запознаен со играва (иако од ден на ден има се подрастични промени...). Кандидат сум преку партијата Обединети Македонски Патриот и се надевам дека ќе гласате за мене. До сега сум бил:
2x Конгресмен
4x Во МоД
и
2x Во министерството за информирање

Со овој мандат ќе се потрудам пред се да зајакнеме во војниот план, а потоа и во економијата. Се надевам дека ќе ја продолжам добрата традиција на Аексил, Скајмекс, Ел Че Г...Во овој мандат нема да има некои големи промени, а на помалите промени се надевам дека брзо ќе се навикнете 🙂.



Промени:

1. Мојот конечен тим ќе биде објавен ден после изборите (или на 04.06.2012) и во секое министерство ќе учествуваат министри од сите поголеми македонски единици, од секоја единица по еден министер!. Односно во секое министерство ќе има одприлика по 18 министри кои ќе бидат подредени по смени.

2. Секое министерство ќе има по 3 главни министри и другите ќе бидат заменици и тоа министерство ќе е должно во рок од 3 дена да напише минимум 1 статија, ако тоа не го направат ќе се менува/ат главните министри!

3. МОД тимот ударот ќе мора да го закажува ударот минимум 2 часа пред собирањето и ќе биде должно на секои 20минути да пушта по еден announce!



Тоа е за промените, сега да ја претставам работата на министерствата.

1.Министерство за здравсто и бебешки развој
Во ова министерство не би менувал многу, само би направил поделба на тенкови и храна на секои 3 дена за ебебињата!

2.Mинистерство за Економија
Во ова министерство пасс-от од народна банка на еМакедонија ќе имаат само 2ца главни министри и ќе бидат должни во секој момент (особено за време на ударите) да има по еден од двајцата министри. Исто така како што наведов погоре, статистика за потрошените пари ќе оди минимум на 3 дена. Исто така со ова министерство ќе пробаме да ја подобриме економијата...

3.Министерство За Надворешни Работи
Ова министерство ќе остане со својата работа како и до сега. Амбасадори ќе има за во сите држави во еСветов и тие ќе се должни да не известуваат за промените во одредената држава.

4.Министерство за Информирање
Мислам дека ова министерство во мандатот на Ел Че Г добро си ја вршеше својата работа, па се надевам дека така и ке остане 🙂

5.Министерство за Финансии
Министерството за финансии ќе ја намали работата и ќе има за должност само да ја набљудува работата на министерството за економија и да ја проверува статистиката за потрошените пари од НБРМ

6.Министерство за Одбрана
Организирање на ударите ќе си остане исто (преку ботот на бубо), единствената промена е укинувањето на делењето за +1мил дмг. другото си останува исто. Фалангата ќе си функционира како и досега со +4500 q6 удар, а новите комити, војводи и незнам кои организации се создаваа тоа ќе биде поништено, значи само фалангата ќе остане да функционира, а кога ке има удари, ќе има и делење за цивили на #udar5 каналот.

7.Базука тим
Овој тим ќе се активира само во важни битки и тука може да членуваат сите еграѓани кои во инвентарот ќе имаат по некоја базука и ке сакаат да ја испукаат за Македонија

8.Тим за востанија
Со овој тим ќе се креваат востанија во потребни регион, а за тоа државата ќе им плаќа рефунд на подржувачите, се со цел да се одвлече штета, да се изгуби граница со некоја држава и др.

Министерство за тролање
Ова е "забавно" министерство. Ова министерство ќе ги прати сите нови статии на нашите непријатели и ќе има цел да ги тролаат.

Тоа на кратко е се за мене, нема друго што да ви кажам. Ако ви се допадна мојата кандидатура на 05.06.2012 год. го очекувам вашиот глас...
Ако некој мисли дека нешто е испуштено, или пак сака подетално објаснување за нешто слободно нека пише ПМ и ќе добие одговор 🙂



ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!
ГЛАВНА ЦЕЛ ВО ОВОЈ МАНДАТ ЌЕ МИ БИДЕ ДА ЈА ОСВОИМЕ ГРЦИЈА!!!


Искрено ваш:
rolerpro