ОДМАЗДА (revenge)

Day 1,447, 14:49 Published in North Macedonia Switzerland by kocc
Испровоциран од тактиката која ја спроведува ЕДЕН, мислам дека дојде време воените стратези од ОНЕ сојузот да седнат на маса и да почнат да спремаат одмазда.Под итно треба да се формира елитна единица од најсилните тенкови од нашиот сојуз која конечно ке докаже дека и ОНЕ е спремен за диверзии.
Целта на оваа елитна единица би била да ги прекинува патиштата до ресурсите на членките од ЕДЕН и ослабување на нивното производство и развој.

Како најголем пример би ја зел Кина која виси на тенка нишка и со удар во пакистанската регија North-West Frontier Province би изгубила два ресурса,а со удар во North Eastern India би ја изгубила и гумата па после нека се мачат пак да ја вратат.
Второ би ја зел Бразил која со удар во Northern Cape и Rio Grande do Sul би изгубил дури 4 ресурси.
Следна Хрватска, ако падне Southeast of Mexico исто губи 4 ресурси.

Мислам дека веке сите ја гледаат стратегијата на ЕДЕН и многу ми е чудно што нашиот сојуз не е способен да врати со иста мерка,туку упорно игра само на чување на ресурсите.Нашата македонска поговорка убаво кажува,нека ми умре козата ама на комшијата да му умрат две и тогаш би бил пак задоволен.
Јас сум за тоа, дури ако треба и по цена на некоја изгубена домашна битка,најсилните единици од сите сојузнички држави да се организираат и да ја имаат за мисија таквата битка во која би се вклучиле по потреба и послабите играчи.Да докажеме ако ништо друго дека и ние можеме да се организираме, а не само тие,бидејки вака делуваме со извинение како дебили кои не знаат да ја играат играта и да се забавуваат(а што е по забавно од тоа да му умрат двете кози на комшијата).

Нема слики,пишам испровоциран и набрзина.