[Reksac MKD] Солун - Македонски град!

Day 1,277, 16:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Reksac MKD

Драги сограѓани, соборци и сојузници, Македонија денеска го достигна својот врв! На наше огромно задоволство Солун, главниот град на Македонија е повторно вратен во своите матични географски граници, Солун е повторно Македонски! Себеси во моментов би се опишал како горд Македонец кој придонел барем колку што може Македонија да го осети вкусот на најслатката победа во нашата еИсторија. На наше задоволство со збратимена намера и сложност во Солун денеска повторно ќе се пее Македонско девојче и Бисер Балкански.



*Македонија во своите природни граници




Овој подвиг кој што Македонија го направи беше проследен од цела Македонска војска и цивили, секоја чест браќа на постигнатото горд сум на себе, а верувам дека и вие сте горди на постигнатото. Мора да им се оддадат почести на играчите кои кои се многу заслужни за постигнатото.

Scymex фала ти брате, секоја чест за тебе, со твоите 26(+-) милиони штета Македонија не би успеала да го постигне горенаведеното. Како најтежок тенк што Македонија па зашто не и светот некогаш го имале, ја имам таа чест јавно да ти се заблагодарам и со право да те величам. HAIL SCYMEX!!!


Aexil Kong фала ти и на тебе брате и твојот успех не треба да биде занемарен, со твоите 12(+-) милиони штета и храбро борејќи се рамо до рамо со великанот ScymeX не уверивте дека сте одличен тандем, секоја чест. HAIL AEXIL KONG!!!



*Македонските херои во битката за Македонија




Има уште многу кои треба да бидат споменати но верувам дека статијата нема да биде интересна за читање дека ке биде предолга. Верувам дека нема да се налутат што ке ги споменам групно...Секоја чест за Hoban Washburne, Mr Purple, silniy udar, Pedja T и многу други. Без вас немаше да успееме да бидеме она што сме, а сме многу повеке од тоа што бевме до пред некој месец.



*Македонија во сегашните географски граници




Овој успех неблагодарно е да се препише само на овие наши херои, овој успех е на целиот Македонски народ ширум еСветот кои во добар дел бевме потпомогнати од нашите сојузници. Секоја чест за нив, во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам и да кажам стара поговорка водата крв не бива, тоа се однесува на нашето пријателство кое е искрено и урамнотежено во последно време, не сме ние веќе слаби 🙂, можеме да ги оправдаме вложените напори кои се правеа за ние да успееме и УСПЕАВМЕ! 😃


СОЛУН Е НАШ and Nothing else matters!!!


Уште еднаш честитки за постигнатото и да не се задоволуваме со ова, да одиме до Индија, Македонија до Индија, а Србија до Токија! 🙂

Мојот заштитен знак 🙂


Ваш,
Рексач МКД