Теророт врз Македонците од старите Римјаните. (R.L. - историја)

Day 1,498, 16:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Astral Macedonian
Напомена: R.L. содржина и НИШТО друго. о7

Во овој текст лежи причината, зошто не се сочувани пишани творби, дури и гробови на старомакедонскиот јазик, кој бил дефинитивно сличен на денешните словенски.

Последната повелба на Хадријан

"Ах, вие мои Римјани, ах, вие мои римски легии!
Толку векови сте тука а уште ништо не научивте
од селаните на македонските провинции!


Тие исушени и корави луѓе, кои не се возбудуваат
од историјата туку ја создаваат неа, орајќи тие,
според распоредот на коските в земи
одгатнуваат кога сте ја опоганиле нивната земја
и колку сте ги опустошиле нивните гробишта.


Ах, вие мои Римјани, ах, вие мои римски легии!
Со оклопи и со штитници, со мечови и со знамиња!
Ништо не научивте од тие горди луѓе:
вас секојпат ве влечеле дијадемите на нивните
кралеви, релјефите на божиците вглобени
во нивните оклопи, сте изгореле сè што можело
да гори, градови и библиотеки,
и уверени дека сте уништиле сè нивно

вие сте изумиле дека тие луѓе
ви го покажувале само она што нема значење:
– коските на нивните предци не сте ги ни допреле!
Сте ги оставиле нив во земјата, а со нив
и духот на тие луѓе, и сите нивни знаменија и сни!
Сте оставиле, значи, сè штом веќе сте ги оставиле коските,
тие се нивната последна и сигурна одбрана.
Тие несреќни луѓе повеќе од себеси ги љубат
своите мртви коски и урнатини
па сега ништо не е наше а нивно е сè!


Ти, мој млад трибуне, ти мој Кресцен, командувај
марш на нашите војски via Roma преку македонските провинции!
Во ноќи без месечина ќе ја напуштиме оваа земја
зашто доколку останеме уште малку тука
Рим ќе остане без свое продолжение:

незабележливо оваа земја со нашите коски
ги храни своите коски; врз карпите
веќе го забележувам профилот на нашата смрт.


Командувај, мој трибуне, марш на нашите војски
Via Roma преку македонските провинции...
По морињата нека браздат нашите кораби назад,
нека запеат војските, Орфеј нека им биде
татковина дури да стапнат на својата...
Ќе ù се поклониме на македонската земја
како на голема ѕвезда
наспроти нашата римска свеќа која трепка пред нас."

Превземено од книга на: Анте Поповски

Еднаш империја - засекогаш империја! о7
Македонија на Македонците!