Претседателска кандидатура [R A G N A R SteF.MakedoN]

Day 3,149, 07:57 Published in North Macedonia Slovenia by R A G N A R SteF.MakedoN

Поздрав еМакедонијо!

Неможеќи да гледам од страна ми се појави желба за остварување на целите на нашата мила Македонија а и после со тимот кој ќе ме подржува одлучив да се кандитирам за Претседател на Македонија.
Се надевам ме знаете како дечкото со видеата ако не друго 🙂

-Моменталната ситуација во која се наоѓаме е доста погодна но ранлива. Во кратки црти мојот план е силна дипломатија која што планирам да ја зацврстам со моето досегашно искуство во политиката кое што го стекнав заедно со мојот тим во изминатиов период.

Сојузници. Мометално гледате што се се испослучи после преминувањата на Бразил и Аргентина на антиАстерија страната. Унгарија ја оставаме настрана да си го тера патот кој што цели премногу накај Пацифика а Пацифика кон Синдикат сојузот. Обидот Чиле да го приближат кон грција можно е полека полека да се остварува поради ангажираноста на Адријатика. Исто така бевме сведоци на преминувањето на Шпанија кон Астерија или барем проАстерија кои што веднаш ја нападнаја за да го ослабнат веќе разнишаниот сојуз Астерија. Ова се месеци на алијанси во кој што никој не знае кај тера.. поготово кога се испреплетени МППата на сите држави. Важно за нас е дека стоиме цврсто до Бугарија, Шпанија и Индонезија како најверни сојузници и да делуваме вешто дипломатски.

Воено. Воено ќе продолжиме да бидиме исто активни како и досега што значи стоиме зад нашите сојузници и зад нашата голема репутација посебно од Ред Фјури, Хеавенс Легион и Сун Вориорс ( видеото за МУ ќе биде готово за брзо, не е забораено). Нови војни не се сеуште планирани а за тој што ќе се одлучи да не нападни нека повели што би рекол НЕНО 😃 Имено важно е да се стрпиме уште краток период поради оваја бура на сојузи која ја спомнав погоре да помини да се види кој каде стои.


ТИМ. Официалниот тим кој ќе биде и на која позиција, ќе биде објавен во следната статија. Исто така мојт став одамана е ист го имам изјаснато во неколку пораки значи не може да се води дипломатија ако секој месец имаме различна екипа која преговара со сојузниците , од проста причина што секој месец политички влеваме од почеток од нов старт наместо само да се предаде штафетата т.е новиот претседател да ја земе и дел од истата екипа да си ја одработи својата работа која ќе им биде диктирано од претседателот. Поради тоа мојот тим ќе биде истиот од претходно што значи Севе, Алис и останати фраерчиња кои што се махери за меѓународни врски.


Тоа е тоа се гледаме на избори. Со среќа и на другите кандидати.



Со почит: