Зошто го "сакам" овој сојуз[Demigod_mk]

Day 1,497, 14:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk



Ве молам сите прочитајте пред да коментирате

Знаев дека ќе излезат 100 статии во рок од 24 часа за тоа како ние сме кривите.
Сме требале да помагаме да ги почитуваме нашите сојузници да ги сакаме да им помогнеме.Ова се тешки времиња и треба да сме сите заедно и да не се делиме.

Али уствари они си зборат тоа што сакаат притоа не слушајќи воопшто што другите имаат да кажат.

На кого му е гајле што ОНЕ губи.
На кого му е гајле за ресурси.

Вистинскиот проблем не се ресурсите или губењето.Вистинскиот проблем е што одредени сојузници си прват стратегии на нашиот и на грбот на неколку други сојузници.




Но премногу сме негативни ајде да се сетиме на добрите времиња:





Се сеќавате како нашите добри сојузници ни помогнаа кога склучија мир со
Хрватите иако знаеја дека ние ќе бидеме нивната следна цел,па се понудија да ни ги земат Апулија и Молисе за да не заштитат.И не само тоа туку и ни покажаа дека нема што ние да бараме таму во Италија.Па ни ги преземаа и колониите а ние пак за возврат се префрливме во овие убави предели на Блискиот Исток каде непријател не сретнавме од кога се префрливме.


Видете ги Црно Горците нивната помош им се врати десеткратно.1 месец помагаа да бидат мост до Италија неколку дена ја држеа Албанија сега неколку месеци ќе бидат под Босна.

А како можеме и да ги заборавиме храбрите Иранци они највеќе добија.Они знае дека ако некој им противречи имаат грб и заради тоа се спротиставуваа и на нас и на Турците.Видете ги сега се борат како лавови.

Па тука го имаме времето кога преминувавме во Италија и секој втор аватар беше Шпански али од противничката страна.

Исто така кога ја напаѓавме Софија и нашиот маркет беше скоро потршен од леб и оружје нашите сојузници се понудија ако им купиме лиценци они да продаваат кај нас и со тоа да направат грд профит.

Моето омилено е сепак борбата кај Умбрија (нашиот главен и последен регион во Италија ) кога бевме приоритет на ОНЕ али кога почна тепањето тогаш се разбра дека некој наш сојузник им пишал на пола сојузници да ги ингорнираат наредбите и да се чуваат утре за ниц.Среќа што Полска и Унгарија ни помогнаа.



Во сето ова има едно нешто што највеќе ме нервира.Сите тие повикуваат на омраза кон Турците ( не дека јас нешто ги сакам али они во секоја статија порано пишуваа HAIL TURKEY иако не сакаат да кажат еден многу важен дел.
Кој ги избрка Турците во ЕДЕН? А да тоа беа СРБИТЕ.

Но чекај што зборувам дали навистина ги обвинив Србите дека работат пола од времето против своите сојузници за нивна корист и скоро секој нивен план се заснова на тоа некој сојузник да изгуби се.Па не е можно.

Србите се најдобри.
Србите се наши пријатели.

И немојте нешто против нив да зборите зошто ќе не нападнат и избришат и ќе бидеме сами.


Оф море беди.



Буквално до кога МАКЕДОНЦИ ЌЕ ТРПАТ ЗА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ


Да ти се плукнам во сојузниците кои ако прогласиме неутралност би не нападнале.


Ај уште еднаш да разберете.Во име на сите оние со кој зборев и ме подржаа а мислам дека е и за сите кои сакаме да излеземе од сојузов.


НЕ НЕ ИНТЕРЕСИРААТ ПОБЕДИ

НЕ НЕ ИНТЕРЕСИРААТ РЕСУРСИ



Само сакаме да имаме сојузници кои нема да си тераат планови на наш грб.


И да знаете целата оваа омраза кон Турците што ја тераат сега ја тераат дека тоа е според нив единствениот начин мнозинството од Македонците да биде про-ОНЕ.



Затоа што нас во ОНЕ не не држи ништо повеќе.

Исто така мислам дека е многу важно:

Гледам највеќе од вас главна причина за седење во ОНЕ ви е стравот дека ОНЕ ќе не нападне ако станеме неутрални.


КАКОВ Е ТОЈ СОЈУЗ ТОГАШ КАЖЕТЕ МИ?


И вистинската причина зошто излегоа денес со толку статии е дека владата беше подготвена да прогласи неутралност уште од утре па секако не можеа да дозволат интересите на Србија да пропаднат со тоа што следниот месец ќе го упиваме цел инфлуенсе на Турција и Грција.