"Паразити" [Demigod_mk]

Day 1,374, 17:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk



Уште од пред 2 недели почнав со буткањето на идејата рефундот да се укине во Македонија сите даноци да се стават на 1% ,а кој дошол да игра за еМакедонија ќе продолжи да се бори за истата другите продадени души и сега нешто многу не се тресат за државата освен не дај боже ако се прекине со делење на рефунд или се намали.Тогаш раководењето на еМакедонија им е број 1 грижа.


Главен аргумент на овие "паразити" им е како Македонија ќе ги намалува даноците на приход тоа е незамисливо,ниедна држава во светот не го прави тоа,нема ние сега да измилуваме топла вода.Па затоа еве ви табела со даноците на сите ОНЕ земји:









Македонија има најголеми даноци во ОНЕ после нас е Србија додека другите имаат 1 и 2% даноци (освен Шведска али они се шака народ).

Србија има на своите сметки









Додека ние имаме мочани 800 000 на сите сметки.


КАДЕ ОДАТ СИТЕ ПАРИ?


Парите се трошат на купување на лојалноста на приватните единици (државни веќе не постојат) зошто како што си кажа и brsj4e во весникот на претседателот.Единиците се заканувале дека ќе одат во други земји да се борат ако државата не им давала рефунд,а државата ќе пропаднела бидејќи никој немало да остане да се бори.


ПА НЕКА ПРОПАДНЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ КОГА И ТАКА Е ТРУЛА ОД ВНАТРЕ



Нека не вратат назад во оригиналните територии со 3 ресурси и нека не напаѓаат наизменично Бугарите и Грците и нека не бришат додека вие се тепате за кој највеќе ќе даде.Барем ќе знаеме тие што сме останале дека не ја делиме дури и виртуелнава држава со олошот од РЛ.

Следниов месец се кандидирам за претседател 100% и ако бидам избран ќе го укинам рефундот комплетно,а сите даноци ќе бидат симнати на 1%.

Парите што се сега во буџетот ќе бидат поделени на сите играчи во форма на субвенција за отварање на фирми за кокаин и крави за да се зголеми производството на рав и со тоа да се симнат цените.

Од приходите тоа што ќе останува после потпишување на МПП`а ќе биде потрошено на купување тенкови кои ќе бидат делени за битки за сојузници или ептен важни битки за нас.


АЛИ КУПУВАЊЕ НА ЛОЈАЛНОСТА И ПЛАЌАЊЕ НА МАКЕДОНЦИ ДА СЕ БОРАТ ЗА МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА



Следниве избори нема да бидат за кој ќе дојде на власт и колку ќе украде туку ќе бидат дали следниот месец ќе се продолжи со досегашното цедење на државата или НЕ.

Македнија имаше многу лош почеток со претставување на власта како начин да се стане богат место да се помогне на државата.Дури се буткаа чесни луѓе за претседатели да се фрли малце прашина во очите на мнозинството играчи но всушност обиколени со паразити околу нив.

Конгресот е направен шега,играчка на единиците во борба за превласт а претседателот клучот до касичката со пари (НБМ).

Ако не можеме да спречиме корумпирани да доаѓаат на власт дајте да им ја земеме касичката а тоа е НБМ.



И за крај ве молам еден шаут

"Паразити" [Demigod_mk]

http://www.erepublik.com/en/article/-quot-quot-demigod-mk--1850316/1/20