За ботот на Плато и неговото "работење" !!!

Day 1,623, 15:21 Published in North Macedonia North Macedonia by marjansp

Здраво момци и девојки !


Во оваа статија решив да напишам нешто околу ботот и начинот на кој Плато ги регулира цените на пазарот, верувам дека постарите играчи го знаат ова, меѓутоа ова го кажувам за помладите, односно новите играчи за да им биде појасно.

Во играва постои бот, поставен од Плато да го купува вишокот производи на пазарот, односно секоја 50 минута во секој час Плато купува производи од нас (леб,оружја,рав итн)

Функционирањето и не е баш така едноставно, пред се бара многу испитување со цени итн, меѓутоа за да не комплицирам многу еве ќе ви кажам јас како дневно заработувам од 600-1000 МКД и тоа само од препродавање на рав.

За да продадете рав на ботот треба да ја најдете прво цената по која ботот купува, на пример препорачана цена во моментов за рав материјали е 0.16, но по таа цена не купува, 0.15 е вистинската.

Втора работа битна за ботот е дека тој купува производи повеќе во малите земји отколку во големите.
Значи за да продавате за почеток потребни ви се според мене една до две лиценци од некоја помала земја (Шведска,Перу,Белорусија итн) и малку поголем storage.

Кај нас равот е 0.13 а јас го продавам на ботот по 0.15, значи од една единица рав имам заработувачка 0.02 мкд или на 1000 рав 20 мкд.
Сега некој ќе рече малку се 20 мкд но ботот во моментов во една земја ми купува отприлика по 500 едници рав секој саат(250 frm и 250 wrp)
Значи за 24 часа со една лиценца од некоја мала држава вие можете да продадете 24*500=12 000 единици рав * 0.02= 240 МКД ви остануваат на вас чиста заработувачка.
Сакам да нагласам дека ова е моменталната состојба со ботот, до пред само една недела ботот ми купуваше и до 1000 рав единици секој час, со тоа и заработувачката ми беше двојно поголема.


Подолу на сликите ќе видите колку ми купил Плато за еден час, знам дека ќе ве збунат цените, затоа сега ќе ви ги објаснам.
Рековме дека ботот купува по 0.15, е сега за да се дојде до таа цена треба да се стават и даноците.
Еве ке го искористам примерот со Шведска таму равот го продавам по 0.22, цената е добиена на следниов начин:
Цена по која продавате + импорт тах + ват
0.15+ 50 % импорт тах + 0 (нема ват)

Сликава е направена пред 1 час


А оваа е направена по 1 час
http://img10.imageshack.us/img10/4122/90d0a341d95f471093e653e.png

Толку од мене, само за крај да ви кажам дека на ботот можете да му продавате и повеќе производи, примеров е даден само за рав.
Ајде сега идете тепајте паричка 🙂


P.S Шкрапнете по еден суб ако не ви е тешко 🙂


За шаут:

За ботот на Плато и неговото "работење" !!!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2024098/1/20