Дискусија за " анализата на job market "

Day 1,422, 08:06 Published in North Macedonia North Macedonia by ace5309

Здраво на сите.

Статијата за job marketot од страна на Dushko Avramovski ,односно неговата анализа, јас ја сфаќам ситуацијата али мислам дека греши во врска со решението.

Прво сега посебно што веќе нема потреба од skill што беше порано затоа што сега секој прави онолку колку има ресурси (iron, fruit, fish , rubber итн). Сега и помладите играчи праават исто колку и постарите и посилните играчи.

Сите играчи како и сите обични луѓе сакаат да заработат поголем број на пари. Затоа и ја зголемуваат цената иако е за 0,01 мкд или за 10 мкд или 20 мкд.

Зошто е ова?

Јас незнам кој би гледал од доле па нагоре.. или од десно кон лево. Сите ја гледат првата понуда и ја избираат нејзе, без разлика дали другата е иста или помала за многу малку мкд. Плус ние не ја земаме целата плата на пример од 133 мкд ние земаме околу 120 мкд заради таксата. А тоа плус или минус 0,01 мкд не прави да ние земеме поголема плата, зголемувањето и до 20 мкд не се чуствува многу, не е некој огромна разлика кога правиме муабет за 100+ мкд плата.

Вистинскиот проблем е тоа што од новите промени на еРепублик секој може да вработи некој и да го отпушти после откако ќе работел и да пушти нова понуда на job marketot. Иако во една да кажеме фирма можат да работат само 5 работници максимум, но ако можам јас да ги отпуштам, дневно и по 100 души можат да работат кај мене.

Затоа цените на job marketot секогаш растат за да привлечат работници кај нив. Затоа што кај тој што работеле 20 работници, а кај тој што му работеле само 3-5 разликата не е само неколку 50 или 100 мкд... разликата е повеќе во 1000 мкд ако не и многу повеќе.

Сега на job market единствените што највеќе заработуваат се оние со Q5 weapons/food или rubber /hunting lodge.

Јас само имам q3 weapons и q2 food, мислам ако јас ставам понуди на job market за јас скоро секогаш ќе бидам во минус. Сега понудите само одговараат и се збогатуваат само оние кој се веќе богати со ресурси и фабрики..како што е и во животот.

Тие дневно заработуваат неколку gold дневно а камоли само неколку мкд .
Тие можат дневно да вежбаат со сите бустери и да накачат 20+ сила.

Но , јас не сакам со ова да навредам некој, јас само анализирам и ги кажуваам фактите. Се разбира дека постарите играчи ќе бидат појаки и побогати од помладите, истото важи и за оние кој купувааат злато.

Али ако сакаш на некој начин да фиксираш цена, верувај дека со тоа што зборуваш дека клучот е свеста, многу грешиш.

Кажи ми ти дали од , незнам 5000 играчи ќе го делат твоето мислење , дали сите тие сега ај сите да фиксираме цена па ако ми се вработи некој одлично ако никој не ми се вработи секогаш постои утре.

Абе со кој памет мислиш дека така лесно ќе биде.Без навреда али мислам дека тоа што го зборувам е вистина и факт.

Единственото решение кое може да ја фиксира на некој начин цената на job market е само ако се врати тоа кога некој ќе ти се вработи да не можеш да го отпуштиш 3 дена или сега мислам дека би било ок и 5дена ако се.

Но ако ова се случи тогаш се појавува друг проблем. Затоа што еден работодавец може да вработи само по 5 работници во неговата фирма, може да испадне на крај да има повеќе работници а помалку работодавци или обратното.

Според мене а се надевам и ќе видам неколку коментари во врска со ова што го сугерирам е едно од решенијата за овој проблем. Можеби има други решенија , али јас не се разбирам до толку, па да праам филозофии тука.

Иако знам дека голем број од ... работодавачите дневно нема да се сложат со тоа што го сугерирав, но би сакал да видам коментари затоа мислам дека ова би било доста фер решение.

Немам што друго да продолжам така до следниот пат.

Поздрав до сите!

-ace5309

Али за крај еден shout не би бил лош, исто така v+s 🙂 .

Дискусија за job market
http://www.erepublik.com/en/article/-job-market-1-1880582/1/20