Ден на независноста на Македонија (Psycho1992)

Day 2,118, 17:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Psycho The Great
Статија бр.42


Денот на независноста во Македонија е државен празник кој се празнува во Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и како 8 септември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Референдум

На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија.
На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Собрание на Република Македонија|Македонски Парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.


Орденот 8 септември

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК МАКЕДОНИЈООООООООООО !