Охрид Собиранка ( ПРЕГОВОРИ за ДАТУМ кога и каде ) (Psycho1992)

Day 2,001, 09:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Psycho The Great
Статија бр.23



Прво ќе ве замолам за по еден глас на статијава за да влезит во топ5 да ја видат сите.

Благодарение до Wendy Power за идејата !

Епа пошто играва е ептен досадна и монотона веќе и секој ден истото та истото. Јас мислам да смениме малце и да напрајме една собиранка да се отпуштиме да се подружиме и да се собериме сите. Се надевам ќе имат заинтересирани ко претходните пати.

- Првиот пат беше супер успеавме се собравме доволно луѓе од секаде.
- Вториот пат беше супер исто така малце брзо и случајно ама преубо си поминавме со Бате Ване.
- Третиов пат да го напрајме најубав од сите! Да му се собериме кај шо ќе појме глата да им се фатит.


Епа вака... Дали сакате да е во обичен ден или во викенд...
Таман денеска сме Понеделник па кажете си ги желбите кој кога мојте да присуствувате.
За место незнам шо да ви речам... Првиот пат бевме Ди Анголо си поминавме преубо (Имат уште 33% попуст ... Тргнат беше само за празниците за први мај и велигден сеа е пак ефтино), вториот пат бевме Кај Чичо и таму си поминавме преубо... Дајте сеа кажите некоја идеја или по мое мислам пак да му се бапниме Ди Анголо ем ефтино ем убо 🙂

За сите по една ваква обавезно 🙂