Интервју со Persej Makedonski

Day 2,072, 11:17 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Денес ни е гостин една харизматична еЛичност !

Доколу станеш претседател што прво ќе превземеш ?
Persej Makedonski :Доколку станам претседател прво и основно ќе ми биде да се обединиме и да направиме стратегија за добро распоредување на штета по битки, се надевам дека ќе успееме да ги одржиме каналите на поделба и бомбаши, и од голема важност ќе ми биде да се зголеми соработката со сојузниците и придобивање на нови пријатели.

Дали еМакедонија може да излезе од кризата со териториите ?
Persej Makedonski :Во однос на кризата со териториите – односно окупацијата се наоѓаме во лоша состојба, како поради неединството така и поради лошиот сооднос на силите помеѓу нашата и останатите алијанси. D4 ни е најслаба страна за жал поради откажувањето на неколку наши тенкови.


Слика од дарувањето на крв на Мечкин камен - незаборавно чувство за секој Македонец.

Како еМакедонија треба да се постави на надворешен план со дипломатијата ?
Persej Makedonski :На надворешен план немаме баш некоја дипломатија(секако дека има ентузијасти кои се трудат најмногу што можат) но вреди да се проба да придобиеме некој пријател повеќе.

Дали Македонската Армија е иднината на еМакедонија ?
Persej Makedonski :Македонската армија поради насочената штета може да се каже дека е иднина на Македонија, но секако мора да посветиме внимание и на старите единици кои многу придонесуваат за еМакедонија,

Највеќе на играва што те нервира е ?
Persej Makedonski :Највеќе на играта ме нервира нашата неединственост и лакомост на поединци за виртуелно богатсво, а ме нервира и мојата избувливост кон таквите работи – но се трудам да се поправам.

Што мислиш за ПРЦачите ?
Persej Makedonski :ПРЦачитеби ги ценел многу ако се працаат за важните битки за еМакедонија, така што од мене во важните битки би им дал како поклон тенкови и злато – само и само да не ни се случува да кинеме 200 луѓе зивци во важна битка, а во некоја неважна некои ПРЦачи да пукаат тешки милиони за ебан BH medal.

А што за мулташите ?
Persej Makedonski :Бев неколку години админ на сервери на една друга игра, за мулташите порачувам да бидат паметни и никако лакоми. Исто така треба да сватат дека е многу долно и ниско каога од играчи како мене кои помагаат послаби играчи преку своите мултиња влечат тенкови и пари.

Зошто играш еРепаблик ?
Persej Makedonski :Играта сосем случајно почнав да ја играм, мој пријател кој сега за зал не игра ми прати линк од играва и ме повика да војувам за еМакедонија – што мене ми беше и ми е сосем доволно за да ја играм играва. Но најбитно ми е што стекнав многу нови пријатели со кои ќе бидам пријател до крајот на мојот РЛ живот – тоа е и суштината на ваквите игри.

Со поголемиот син Петар пред Градската Црква Свети Никола во Штип, ако од мали нозе го добиеш Македонското во себе - никој подоцна не може да ти го откорне !

Какво е значењето на името Persej Makedonski ?
Persej Makedonski :За прв пат Persej Makedonski се појави на една друга multipleer игра, и од тогаш ја користам на сите игри.
За мене Persej Makedonski има големо значење бидејќи е последниот Македонски крал од лозата на Александар Македонски и тој ме потсеќа на тоа дека најголем непријател на Македонија се одреден дел од Македонците. Persej одлучувачката битка против римјаните ја загубил бидејќи за пари неговата коњаница го предала и ја напуштила битката оставајќи го царот со фалангата да се бори против римјаните, потоа Македонија била поделена на 4 дела.

Koj e Persej Makedonski одкако ќе стисне Logout ?
Persej Makedonski :Одкако ќе стиснам Logout јас сум Зоран Мијалков од Штип, Христијанин, татко на две синчиња петар и Никола, библиотекар по професија(работам во единствената библиотека во Македонија INFOBUS), крводарител сум на повик, рекреативно спортувам и голем локал патриот сум постојано ја фалам Штипската пастрмајлија – кој пробал може да кажува 😉

Организирав 2 собиранки до сега во Штип, третата ќе биде по одморите, а може и порано зависно од заинтересираноста на браќата и сестрите од играва.


Кое е твоето мото или што е она што те тера да продолжиш понатака ?
Persej Makedonski :Па имам неколку брат :
Може да паднам повеќе пати, но битно секогаш да се дигнам и продолжам понатаму.
(Мора во денешно време да бидеме упорни до болка за да успееме)

Моето најомилено - Со БОГА напред !

Музика, филм и хоби ?
Persej Makedonski :Хоби ми е помагањето на оние кои им треба помош, како волонтер работам во црвен крст и во Јавната кујна.
Од музика не слушам техно и турбо фолк.
Гледам секакви филмови но омилени ми се европските од непознати режисери.

Порака до читателите ?
Persej Makedonski :Браќа да се обединиме барем во играва, заборавете на менталитетот и самоуништувачкиот порив наш Македонски и да и да пробаме да газиме како порано, или барем да влозиме се за да им го згорциме еЖивотот на нашите непријатели !

Македонија пред се и над се !
Македонија вечна !

Ве сака вашиот Persej Makedonski

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Persej Makedonski
http://www.erepublik.com/en/article/-persej-makedonski-2295375/1/20

Интервју со идниот претседател
http://www.erepublik.com/en/article/-persej-makedonski-2295375/1/20