Надвор од ONE, надвор од умот.

Day 1,678, 13:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokalipto

Поздрав Македончиња, преубав летен ден, мислиш се е онака како што треба да биде, се логираш на играта на која си пое*ал дел од твојот живот и читаш.... излегуваме од ОНЕ!?

Како, кој и со кој УМ????

Ние останатите смртници кои немаме пристап до одлуките кои кројат судбина на сите на говеда ли личиме???

Еднаш ни го туривте кога ја набркавте Турција, одбираќи го Иран (да не зборувам што и двете земји се - и го докажаа тоа - група на превртливи, дволични лажговци кои знаат (успешно) и мизерно да манипулираат плачат), и сега еве сме повторно, пак со голема одлука - да заминеме од воениот сојуз со чија помош се дигнавме до нашиот максимум, станавме она што сме.

Читам... казна бидејќи не сме пукале за Сојузот - па кога НИЕ сме пукале бре??? НИКОГАШ, морало, морале и сум МОРАЛ да ве мотивирам со разни рефунди и закани за да пукнете за сојузник, вам секогаш ви е важна ....ЕГЕЈСКА, Вам ве заболе за тоа дали сојузот по кој плачете ко дечиња кога ќе ви згусти губел некаде... Вам секогаш ви се пука против Грција и вие секогаш сте тука за да се борите против Грција... вие дишите и живеете да пукате против Грција (да - делов се однесува на просечниот македонски играч со опсег на години и мозочен капацитет еднаков на истите 11-13)

Од таму, казната и те како е оправдана.

Одиме одново на "казната", 2 реда погоре чинам дека секој кој отстпува барем малку од рамките опфатени како група на самобендисани телетабиси ќе сфати и е свесен зошто дошло до истата - ај прашајте се самите кој колку пукал за сојузник откако е воведен ТП медалот?

Никогаш не сме љубеле да пукаме за сојузник, ама па и сојузниците не ретко знаеле спрема нас да се покажат како вистински говна... секогаш за нив* сме фиром, секогаш се ароганти, секогаш кокетираат со нашиот непријател (*јасно ви е за кој зборувам) факт е дека се осеќало студенило од нивна страна спрема нас. За дел од сојузниците ние бевме тие говна кои пукаа против нив од некои ретардирани побуди, и искрено во моментите додека сојузот се среди и конечно почнавме да соработуваме - конкретен пример Шпанија, јас минав ноќи и ноќи убедувајќи ги дека сме во ред... и дека знаеме како во сојуз.

Времињата се сменија, владите се променија, од таму очигледно и способноста на тие кои се во позиција да знаат да ценат, да проценат, да преќутат и преголтаат некои работи - за се во глобала да функционира.

Драги момци кои успеавте да пое*ете се што сме направиле пред вас - честито нека ви е.

Одлуката е голема - референдумот е неизбежен.

Неносење на референдум, неосновани статии со причини зошто и кај сме заебале работа НИЕ а не сојузот - ќе резултира со штета за Македонија.

- ботот деданое.