ВИЦOВИ !

Day 1,872, 10:26 Published in North Macedonia North Macedonia by ambar0

- vote+subs+shout - ако ви се бендисаја вицојте !

За Суб и Воте врајчам, само коментар остави 🙂


Му се јавува еден тип на другар му:
-Што праиш бе?Ајде дојди на нашето место,најдов едни девојчиња!
Отишол дечкото,се сретнува со другар му:
-Абе..добри ли се девојчињата?
-Абе сеа добри.....ќе пивнеш малце и добри се....ене ги онде оди види ги.
Отишол овој да ги види и се враќа разочаран:
-Абе не заебавај,кај можам јас толку да испијам?!?!?!



Шета Рамче по Сахара со пешкир на рамо, сретнува бедуин и го прашува?
- Абе, другар, уште колку има до морето?
- Па, околу 3.000 километри.
- Е стварно е далеку... ама плажава ви е супер


И вели момчето на девојката: Имам мокри сништа!
Хмммм, зошто?
Те сонував без пудра и се помочав од страв


Важно соопштение: Заради рецесија се гаси светлото на крајот од тунелот.
Потпис: Бог.


Кумановска поезија: Ноќ ...тишина... маму му еб*ам која месечина... ја гол, ти гола, ма е*аја би и мртвога вола, а камоли тебе љубави моја!



Разговараат две плавуши.
- Од каде ти е ова ружно куче?
- Ми остана од претходниот дечко.
- Па, да бидам искрена, можеше и да го абортираш.



Ја викале Александра затоа што секој можел да ја НАКОВА !!!



Фатил Мујо на лото и во истиот момент му се јавиле да му кажат дека жена му умрела...
-Што збориш бе?? Значи кога ќе ти тргне...тргнато е...


Некој човек се враќа дома весел.
- Жено, го продадов твојот рецепт за колачите.
- Браво, а на која фирма?
- На Цементара.


Одам да спијам во 22ч,
станувам во 6ч,
спремен сум,
јадам на време,
не пијам,
не пушам....
ама ова се ќе се промени откако ќе излезам од затвор...


Стојат две мали деца пред црква и гледаат како од црквата излегува штотуку венчан брачен пар…
Едното дете му вели на другото:
- Гледај сега паника!
Трча до младоженецот, го фаќа за рака и му вели:
- Здраво тато!!!


Се враќа политичар дома и ја опсипува жената со бакнежи.

- Готово е, ме избраа за премиер.

- Навистина? Не лажеш?

- Не, сега веќе нема потреба.

Му вика девојка на својот дечко кои претходно имале односи: Ме изненади, многу мал инстурмент ...
Дечково: и јас се изненадив ... незнаев дека ќе свирам во толку голема сала.


Човекот: Боже!
Бог: Да?
Човекот: Може ли да те прашам нешто?
Бог: Се разбира да.
Човекот: Што се за тебе милион години?
Бог: Секунда.
Човекот: А милион евра?
Бог: Цент.
Човекот: Боже, може ли да ми дадеш еден цент?
Бог: Само секунда.



Плавуша полагала за возачка и ја прашале
- како работи моторот
- може ли со мои зборови да кажам
- ајде
- брммм брмммммм брмммммммм


Одат тројца наркомани по пруга и едниот вика:
- Бреј, што скали има!
Вториот додава:
- И гелендерот колку е низок, не можам да го дофатам.
Третиот се јавува:
- Не берете гајле, еве иде лифт


Што прави грчки вирус кога ќе влезе во компјутер?
-Менува имиња на фајлови и фолдери.

Стојанче: Професорке мислам дека не заслужувам кец по овој тест.
Професорка: Се согласувам, ама тоа е најниската оценка што можам да ти ја дадам.



Мујо и Фата воделе љубов сo саати ама никако да постигнат оргазам. По некое време, Мујо се откажува и ја прашува:
- Што е Фато, и ти не можеше на никого да се сетиш?



- Зошто девојките не можат да најдат маж кој е нежен, чуствителен и внимателен?
- Таквите веќе имаат дечко.


Оди Трпе по улица и среќава три калуѓерки. Рипа Трпе, масакр ги прави и продолжува по улицата:
- Е*ате нинџите, е*ате.

Кои се четирите фази во животот на еден маж?
1. Тој ВЕРУВА во Дедо Мраз.
2. Тој НЕ ВЕРУВА во Дедо Мраз.
3. Тој Е дедо Мраз.
4. Тој ЛИЧИ на Дедо Мраз.



Синот довел дома три девојки. Уште од вратата и вика на мајка му:
- Мамо ај погоди која од овие три ќе ти биде снаа?
- Оваа третата, црнката- рекла мајката.
- Е браво, од прва. Како ја погоди?
- Што знам, само што ја видов почна да ме нервира некако - искрено одговорила мајка му.


Александар, кажи една апстрактна именка?
-Вработување учителке.

Некој Еским ја чекал женската. По некое време го извадил термометарот, погледнал во него и изнервирано рекол:

- Ако не се појави до минус 50, си одам дома!

-Како помина вашата прва операција? - го прашал главниот хирург младиот хирург.
Овој пребледел и одговорил:
-Операција, велите? Јас мислев дека станува збор за обдукција!


Се среќаваат двајца државни службеници во ходник, околу два часот попладе, и едниот го прашува другиот:

"Што бе, и ти ли не можеш да заспиеш?"



Како може да издржи човек осум дена без спиење?
- Без проблем, ќе спие навечер.


ИЗВЕСТУВАЊЕ!!
Ако не сте купиле календар за 2013, не морате!
Можете да користите календар од 2002, 1991, 1985, 1974, 1963, 1957, 1946, 1935, 1929, или 1918.
Ние искрено мислиме дека онај од 1918 е најдобар!



За Нова Година во 00:00 добив две пораки.
Првата беше:
-"Љубов моја Среќна Нова Година. те сакам најмногу!!"
А втората беше:
"Извини, грешка"


Комарец може да ти се мува околу глава, ама мува да ти се комарец околу глава нема шанси!


Жената водела љубов со својот швалер, кога неочекувано се вратил мажот. Мажот збеснал и почнал да го брка швалерот, а овој избегал во паркот. Таму гледа фонтана со статуи од голи мажи. Застанал и тој надевајќи се дека сопругот нема да го забележи. После некое време од статуите се слуша глас:

- Соблечи ги чорапите оти сите ќе не фатат.



-Мамо, мамо дојди да те прашам нешто!
-Види дете, јас ако живеам со татко ти , не значи дека треба да ме викаш мамо.
-Па тогаш како да те викам?
-Викај ме чичко Зоки!


Разговараат Мујо и Хасо
Мујо:
-Лее,пак ми се оди во Австралија!
Хасо:
-A кога тоа си бил во Австралија?
Mујо:
-Па не сум бил, ама и вчера ми се одеше


- Дали ја имаш гледано женати во очи додека имате секс ?
- Еднаш, и ми дојде онака незгодно !
- Зошто бе !?
- Па така, јас сексам и среде партија се свртив накај вратата, а таму жена ми стои и ме гледа право во очи ...


Оди дечко во трафика и му вика на продавачот:
- Имате ли честитки со натпис "За мојата единствена љубов"?
- Имаме!
- Добро дај ми 15 честитки...


И вика синот на мајката:
-мамо, мамо, гори елката
-Сине, не се вика гори, туку свети
-епа добро, и завесите почнаа да светат.


Љубов е кога вашата врска трае подолго од "Малечката невеста"

1 јануари. Порака: Среќна Нова Година! Сокот е во ладилникот. Ладилникот е во кујната...
Ја чита пораката Бојан и се чуди:
- Добро де, а кај е кујната...


Како се додворува Македонец?
- Слушај срце, никој не може да ти купи нешто, онолку колку што јас можам да ти ветам!



Денес забележав дека моето wi-fi не работи, потоа дознав дека комшијата не ја платил сметката. безобразлук!!!


Еден маж стои пред градинка. Поминува една мајка и го прашува: - Господине, чекате дете?

Господинот одговара: - А не, тоа ми е од пивото.


Јас на луѓето им посакувам само среќа!
Бидеќи и оние на Титаник имале и здравје и пари, ама среќа немале...


Се караат двајца педери:
-Марш, педеру!
-Марш ти, педериште едно старо!
-А, бе ај не јади гомна!
-Ти не јади гомна!
-Море, да ми го пушиш!
-Аха! Сега сакаш да се смириме


Оглас во весник:
Кој ќе ми најде жена со мираз од 100.000 евра, ќе му дадам 50.000 евра. И плус ќе му ја подарам и жената.



Зошто петелот пред да ја опне кокошката неколкупати ја клукнува по главата?
- За да и’ ги разбие илузиите за можен брак.

А зошто откако ќе ја опни мафта со крилјата? - Вади паричник за да и плати.



Му вели учителот на малиот Трајче:
-Трајче, знаеш ли дека на твои години Абрахам Линколн бил петкаш?
А малиот Трајче му вели:
-А ти знаеш ли дека на твои години бил претседател на Америка?


Зашто грбавиот пушта мустаќи?
За пријателите да го викаат „Брко“!


Прашуваат еден Македонец што ќе прави со парите ако добие 100.000 евра на лото:
-Па, со половината би се раздолжил.
-А со другата половина?
-Еее, тие ќе причекаат малку.


Новопечен богаташ скршил нога и отишол кај приватен ортопед.
-Скршена е, ќе мора да се стави гипс - рекол ортопедот.
-Каков гипс, бе, батка?! Тури мермер!


Пред Нова Година,
Оптимист:
- Новата година ќе биде подобра од старата!
Песимист:
- Новата година ќе биде полоша од старата!
Реалист:
- Пак ќе се напијам!


Нова Година. Дедо Мраз дели подароци. Брза како луд, нема време за ништо... Влегува низ оџакот на една куќа и што да види, на креветот спие прекрасна гола девојка. Дедо Мраз размислува:
- Да легнам до неа или да не легнам? Ако не легнам нема да можам да поминам низ оџакот.



Четиригодишен син на програмер го прашува татко си:
- Тато, тато, како Дедо Мраз носи толку многу подароци?
Таткото одговара:
- Со Win Zip, сине.



Зоки Поки му пишува писмо на Дедо Мраз:
- Почитуван Дедо Мраз, од тебе го сакам само списокот со лошите девојчиња.


Зоки Поки ја прашува мајка си:
- Мамо, кој е мојот татко?
- Дедо Мраз.
- Како така?
- Па, дојде една ноќ, ми даде подарок и веќе никогаш не го видов.



Сакан Дедо Мраз!
Кинеските петарди кои ми ги подари минатата година, многу ми се допаднаа! Но, оваа година сакам да ми подариш два прста на левата рака.



За прв пат после 1987-ма, 2013-та ќе биди година во која сите цифри се различни!



И се жали сосетката на Трпана:
- Трпано да знаеш оној твојот вчера страшно ме навреди. Мислам дека не сум заслужила такво нешто.
- Што е, што ти рече?- ја прашува Трпана
- Ме нарече свиња.
-Ма пушти го ти Трпе. Тој ти е еден многу површен тип.Па знаеш дека он луѓето ги квалификува само по надворешниот изглед.


Ни Чак Норис не знае кога Македонија ќе влезе во Европската унија.


Некој баксуз фатил златна рипка и му умрела.


Што е танга?
-Гаќи кои никогаш нема да станат крпа за прашина.


Плавуша: Злато колку си сладок, ке те изедам!
Полицаецот: Срцка ај не јади гомна!


Една мачка и вика на друга .
-Денеска сигурно ќе ме тепа некој малер
-Е од кај знајш
-Сабајле ми претрча еден црнец преку улица !


Како Влав ги храни своите деца ???
За доручек: Кој нема да доручкува ќе добие 10 денари... и децата си играат без да доручкуваат.
За ручек: Кој нема да руча ќе добие уште 10 денари... и децата храбро трпат кога се пари во прашање...
За вечера: Кој сака да вечера, да си плати 20 денари !


- vote+subs+shout - ако ви се бендисаја вицојте !

За Суб и Воте врајчам, само коментар остави 🙂