[OЦМ] Се за вашето Здравје!

Day 1,184, 10:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Се за Вашето Здравје


Здравјето е еден од најбитните фактори вo оваа игра. Од Вашето здравје при работа зависи и вашата продуктивност.

Секојдневни обврски кои треба да ги исполните се : работа (Work) и Тренинг (Training).
Овие задачи треба да ги извршувате со што е можно поголемо здравје 90 - 100 .

Работа (Work) - Платата која ја добивате не зависи од вашето Здравје. Без разлика со колкав процент на здравје работите вие добивате фиксна плата ,но доколку работите со помал процент на здравје вие ризикувате да добиете отказ од фирмата во која сте биле Вработен.
Доколку работите со мало здравје вие и нанесувате огромна штета на Фирмата во која работите и на Економијата на вашата земја.

Тренинг (Training) - Со секое ваше тренирање вие добивате јачина (Strenght) . Висината на вашето здравје не влијае на јачината (Strenght) која ја добивате од тренингот.

Напомена :
- Доколку Вашето здравје е под 10 не може да работите.
- Доколку Вашето здравје е под 5 не може да тренирате.
- Доколку Вашето здравје е под 21 не може да го нападнете противникот.

Начини на кој може да изгубите енергија:


* Серверот на eRepublik е +9 часа од нашата Временска зона.Со тоа новиот ден започнува во 09:00 часот наутро.

-Доколку не поседувате Куќа вие секој ден губите енергија (автоматски). Ако вашето здравје е под 10 губите -1 здравје,ако вашето здравје е измеѓу 10-50 вие губите -2 здравје. Доколку вашето здравје е измеѓу 50-80 вие губите -3 здравје ,а доколку вашето здравје е над 80 вие губите -4 здравје.

-Тренинг вие губите -1 здравје без разлика со кој бустер тренирате , а здравјето кое го губите од работењето зависи од фирмата во која работите.
Доколку работите во фирма со квалитет 1 (Една ѕвезда 😉 вие губите -1 енергија.
Доколку работите во фирма со квалитет 2 (Две ѕвезди *😉 Вие губите -2 енергија итн.

-Доколку поседувате фирма ,а во истата сте и Менаџер со тоа секој ден губите по -10 енергија без разлика на квалитетот на фирмата. Во секоја фирма која ја поседувате само еднаш дневно можете да работите како менаџер.

Секој удар кон Вашиот непријател ќе ве чини по -10 енергија.Внимавајте колку енергија ќе потрошите за да можете наредниот ден да се вратите на 90-100.

Здравје губите и со вашата селидба во зависност од тоа каква карта користите. Доколку се селите со карта со квалитет 1 вие губите -4 енергија,селидба со карта со квалитет 2 вас ви зема -3 здравје ... и на крајот карта со квалитет 5 не ви зема здравје за преселување.

Начини на кои може да добиете енергија


- Користејќи храна. Храна може да купите од Маркет и во зависност од квалитетот на храната вие добивате и енергија. Храна со квалитет 1 дава +2 енергија , храна со квалитет 2 дава +4 енергија,храна со квалитет 3 дава +6 енергија,храна со квалитет 4 дава +8 енергија и храна со квалитет 5 дава +10 енергија.
Дневно можете да внесете максимум 300 енергија преку храна. Повеќе од тоа не е дозволено.


- Купување на куќа.Ова е скап начин но се исплати. Куќата може да ви наполни највеќе +50 здравје на почетокот од денот,на здравјето со кое сте останале претходниот ден.
Здравјето кое го добивате од куќа не се смета во оние 300 кои може да ги добиете со користење на храна.Што повеќе здравје ви дава куќата дневно толку помалце денови трае.

-Болници. Нажалост е многу тешко да надополните здравје преку овие Болници.Може да биде ризично да останете на малку енергија доколку не бидете брзи и немате добра конекција бидејќи болниците ги има во новите битки и траат многу кратко

-Со купување на "Wallness packs ". За цена од 0.5 Gold добивате +10 здравје.
Овој метод не ви го препорачуваме.

Совет од нашиот центар: Military Rank - со секое фаќање на Воен ранг вие добивате +100 здравје , па гледајте тоа да го остварите додека сте на мала енергија.

Доколку вашето здравје падне на 0 ,вашиот граѓанин умира и следниот пат кога ќе сакате да се приклучите тој оживува и вие добивате +50 Здравје. При смрта на вашиот граѓанин вие не губите ништо се ви останува како што ви било претходно .Вашиот граѓанин можете да го оживеете бесконечно многу пати и за ова не постојат никакви ограничувања!

Ваш
TosheMK
Февруари 2011

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе: