ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА [NINJA]

Day 1,300, 12:57 Published in North Macedonia Bulgaria by Mitko Makedonecot

Би сакал пред се да се заблагодарам на Министерот за Одбрана во Владата на еМакедонија Трте Пуфков лидер на единицата АрМакедон, за издвоеното време и исцрпноста на одговорите.


MM: Прво би те замолил за претставување од РЖ и како дојде до првиот контакт со еРепублик.
МОД: Вака имам 26 години живеам во Кавадарци и во Скопје (повремено заради последипломските)и работам во фирма за компјутери во Кавадарци. еРепублик почнав да играм после прилогот на Сител телевизија и како и секој радознал македонец морав да проверам шо е финтата.


MМ : ....хахаха....и финтата? се навлече?Првите чекори во играта и како се снајде?
MОД : На почетокот бев двокликаш и не трошев многу време на играта и после по некоа случајност го видов линкот од чатот на емкд и решив да го посетам и од тогаш почнав се повеќе и повеќе време да одвојувам за играва.Па не беше играва многу сложена кога се уклучив или не ми изгледаше мене таква имаше доста статии за тоа како се игра.



MM : Каков беше патот на развој од обичен двокликаш, до министер за одбрана и какви се твоите искуства со воените единици?
МОД: Па на почетокот бев преориентиран да зајакнам на економски план
и да си обезбедам приходи за да можам повеќе да пукам, затоа што во тој модул еден q5 тенк да го купиш требаше цела недела работа.Почнав да го шетам малку светот за да имам поголема плата оти тогаш во Македонија платите беа мизерија и немаше доволно фирми.Голема помош во почетокот имав од Илешеф
кој иако не многу постар одлично ги знаеше економските услови во играта.
После 1-2 месечно шетање стигнав во Србија каде со помош исто на Илешеф
влегов во паравоената единица МАРАТОНЦИ каде што научив многу работи за единиците и нивното функционирање па за кратко време станав и командант на таа единица.


MM : Тука би те прекинал малку.Како беше да се командува во мешана единица и дали Српските играчи те прифатија како авторитет и командант на единица ?
МОД: Па кога почнав да се движам по каналите каде престојуваа командантите на сите единици малку ми беше незгодно од големите имиња
а јас имав само 600 сила и не ги исполнував српските критериуми за ударање со q5 оружје.Маратонци после кусо време стана и мешана единица на Македонци и Срби проблем со водењето на единицата немав никогаш затоа што имав голема подршка од другите команданти и основачи.Инаку за авторитетот секогаш ќе бидиш почитуван ако знаеш да се поставиш како авторитет.Мислам дека тука нема голема улога борбената и економската моќ на играчот и морам да напоменам дека во српските единици барем во тој период владееше огромна дисциплина меѓутоа модулот беше таков се знаеше кога точно се удараи сите мораа да бидат присутни и да прават тоа што ќе му се каже.Тоа би било за виа дел (На литературен кавадаречки кажано).


MM : Понатамошниот развој во играта и како стигна до АрМакедон?
МОД: Откако се случија некои работи во Маратонци единицата привремено беше распуштена, останав на улица без топол леб и оружје се вратив во Македонија и интензивно почнав да се надградувам пред се економски и почнав да препродавам се и сешто на црниот пазар.
MM : Значи и бизнис на црно...добро да се знае.
МОД: Од тој период односно околу нова година почнав е непрестано да се дружам со чичко Наполеон.Под црн бизнис немој некој да ме разбере погрешно, не мислам на мулти и нелегални работи туку на препродавање на тенкови и пред се q5 куќи затоа што тогаш неможеше да се продава на пазар ако немаш таква фирма и затоа тогаш се викаше црн пазар.Тој период Македонија немаше војна и плус заради скапите производи почнав да се гребам од сојузничките земји за леб и оружје за да пукам за нив затоа што и тоа време беше поим да пукаш со q5 оружје.После неколку неделно слободно дејствување решив дека е време да се зачленам во некоа паравоена организација. Прв избор тука одсекогаш ми беа АрМакедон заради тоа што имаа многу искусни играчи од кои може многу да се научи и заради дружбата што ја имав со членовите на АрМакедон.Откако поднесов апликација за влез за кус период бев и примен како регрут,затоа што системот за влез во АрМакедон налага сите да гласаат за влез на некој регрут и притоа не треба никој да биде против.


MM : Кои беа условите за влез тогаш и колку се променети до сега?
МОД: Точните услови кога влегов не ги знам затоа што не влегов со јавна регрутација туку индивидуално побарав влез во единицата.И сега условите не се најточно прецизирани меѓутоа најбитно тој што аплицира да нема мулти, да не е премногу млад и секако да има солидна воена моќ.
Сега да продолжам за патот до МОД.Значи мое прво влегување во МОД тимот беше кога дојде како претседател Македонец3,како МОД беше ставен Ален_001,а тој ми предложи да бидам негов заменик.Предлогот без размислување го прифатив, а во истиот период дојде време да се избира и нов лидер на АрМакедон.Јас претходно му бев заменик лидер на Деданое и кога тој кажа дека нема да може да биде лидер бев предложен од него и затоа што бев единствен предложен станав и лидер.Моментално го терам вториот мандат како лидер на АрМакедон.
Кога дојде Струмјанин за претседател како МОД беше поставен Деданое кој ме праша дали сакам да бидам дел од МОД тимот.На почетокот се двоумев заради лидерската функција во АрМакедон но составот на тимот беше одличен и неможев да одбијам.После прекрасната дружба со целиот тим дојде време да се бира нов претседател на еМакедонија затоа што Струмјанин не се кандидираше па своја кандидатура објави Деданое и затоа што се испразни местото МОД прифатив јас да ја земам таа одговорност и на стариот тим додадовме уште 2-3 луѓе.


MM : Дали помогна предходното искуство во МОД тимот за а ја прифатиш фукцијата или твоето назначување на позицијата МОД беше бидејќи немаше друг кој би се нафатил на таа функција?
МОД: Значи во претходниот тим на Деданое имаше и претходни министри
од кои научив доста работи и само ја продолжив работата што веќе стана рутина можеби и ќе имаше други за таа функција,но јас бев прв прашан и одма прифатив.


MM : Твоите видувања на организацијата на армијата и паравоените единици кај нас?
МОД: Па да бидам искрен имаме добра организација,се разбира секогаш може да биде подобро и затоа сакам да апелирам до сите слободно да ме контактираат и да споделат идеи за унапредување на војската единствена работа што не ми се свиѓа е малата недисциплина која според мене треба да биде на повисоко ниво.


MM : Моменталната позиција на Македонија во ОНЕ сојузот и нашите фронтови со Хрватска и Грција, како и планови за натамошни дејствувања?
МОД: Значи нашата позиција во ОНЕ секој ден е се појака и појака
затоа што како млада земја секој ден сме појаки и појаки но тука би ја спомнал и одличната дружба со одговорните луѓе на другите пријатели во ОНЕ
и одличната координација за напади и меѓусебно помагање.Моментално имаме 3 фронта: Италијанскиот, Хрватскиот и Грчкиот.Италијанскиот фронт веќе знаеме сите дека ги сркшивме италијаните на воен и уште поважно на психички план. Гледаме сега дека го затворивме и фронтот со Хрватска.Е сега тука би појаснил некои работи значи колку и да мислиме дека сме јаки ни во сон не треба да ни падне на памет дека можеме да војуваме со Грција и со Хрватска истовремено затоа што тоа се две од 4 најаки земји во ЕДЕН и мислам дека неорганизираноста нивна ни дозволи да се ослободиме од Хрватите и да го затвориме тој фронт.И сега за најбитниот фронт за нас војната со Грција.Значи гледаме дека сосема добро ни оди со Грците и полека но сигурно ги бришеме од картата,но не треба да се залажуваме дека сме многу посилни од нив и да се опуштаме премногу затоа што единствена работа што не донесе до тука е слогата и активноста на играчите.
Значи повторно ќе напоменам ако сега се опуштиме и не ги сваќаме сериозно може лесно да се случи нешто непосакувано.


MM : Нешто околу проектот Ноќна стража...
МОД:Тоа е нов проект на ОНЕ алијансата кој доколку успее да се оствари, мислам дека ОНЕ многу брзо ќе ги прегази останатите сојузи
затоа што знаеме дека навечер е најслабиот период на алијансата кога нема многу голема активност.


MM : Дали со тоа нема да се ослаби силата на армијата и на единиците, ако нивните борци се чуваат за борби во раните утрински часови и како ке се регулира снабдувањето со храна и оружје??
МОД: Мислам дека нема премногу да се ослаби моќта затоа што гледаме декаво текот на денот сме далеку појаки од ЕДЕН и од ТЕРА, а снабдувањето ќе се врши преку организирани одговорни лица кои би ги снабдувале тие војници со потребните продукти.


MM : Дали има нешто да дополниш за крај на ова интервју?
МОД: Па после исцрпното интервју (се шалам) би сакал да додадам
моето прво влегување на чатот на емкд значи го видов линкот и влегувам на чат и прво прашање кога влегов беше од Гока Грозни дали гласаше?Јас поима немав дека требало да се гласа и викам не и ми викаат одма да се селиш у Кипар и да гласаш за стеокс мислам беше....му викам чекај бре луѓе шо е тоа како да гласам како да се селам и откако ми објасниа се преселив и гласав и останав во Кипар 1 недела затоа што платата беше поголема од кај нас хахахаха....и кога се вратив морав да ги бркам за државјанство,па ме прашуваа кој сум ....и тоа би било тоа.


MM : Порака за еМакедонците,некој совет, мудри зборови,поговорка, брзозборка?
МОД: хмммммм...Бидете сложни и секогаш гледајте ги двете страни на приказната, само со слога и единство ќе успееме да го освоиме светот.


MM : Благодарам за издвоеното време за ова интервју.
МОД: Благодарам и на вас за одвоеното време и на трпеливоста додека куцав со македонска подршка.