Супер размена меѓу Баерн и Сити – Робен за Џеко

Day 1,679, 17:11 Published in North Macedonia Armenia by Zombinho

Ѕвездта на Баерн Минхен и холанската репрезентација Арјен Робен од следата сезона може да игра во Манчестер Сити, а во обратна насока да тргне босанскиот напаѓач Един Џеко, пишува еминентниот германски весник „Билд“.



Изданието открива дека Баварците се спремни на таква размена, бидејќи немаат намера да плаќаат високи 40 милиони евра за босанскиот напаѓач. Поради затоа тие сметаа дека во овој момент најдобра варијанта е размена со Арјен Робен, поради следниве причини.

Холанѓанецот го навлече гневот на навивачите на Баерн со промашениот пенал во финалето од Лигата на шампиони, а покрај тоа тренерот Хејнкес претпочита на крилната позиција да го игра германскиот репрезентативец Томас Милер или новата аквизиција Џердан Шакири.

Џеко тешко се изборува за место во тимот на Манчестер Сити и е смремен да се врати во Бундеслигата, каде со успех го носеше дресот на Волфсбург, а од друга страна Робен исто така има искуство во премиер лигата бидејќи три години настапуваше во Челзи.

о7
Zombinho