[MO-UP] PARTY BOOMERS

Day 1,799, 14:56 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII

Поздрав сакани мои!

Си помислив никогаш нема да почнам да пишувам во врска со внатрешната политика во еДржавава но ете се случи и тоа од проста причина што станав Претседател на партијата позната под името MO-UP (Macedonian Order - United Party).

Она што треба да го знаете за нас е тоа што не само што сме активни и отворени за помош на оние кои не добиле шанса за конгресменско место и воедно кои се сериозни за таа функција, туку и сме секогаш активни и подготвени за дружба во било кое време и место за добра журка!

Тоа е на кратко мојата најважна и подцртана цел за овој мандат како претседател на оваа партија составена од "страшно" друштво 😃

Во прилог ќе ви доставам неколку слики кои ќе ги одслика нашите членови кои лично ги сметам како едно семејство во кое играва се става на втор план после дружбата помеѓу нас:

BucephalusIII - не би се опишувал би го оставил тоа на вас - оние кои ме знаат 😛



bibermk - човекот кој безброј пати до сега се откажа од играва..но кога му тргна од рака со регрутирање на понежниот пол во нашата единица МТО се предомисли, а воедно е и најголемиот виновник што е на ова ниво и партијата и единицата МТО!


Aminta Makedonecot - лева рака на bibermk а моја десна нога, одличен шмеќер по разни собиранки...единствена маана му е никогаш не е наспан 😛


Krvnikot - крвав човек во позитивна смисла на зборот 🙂 каде и да се појави крши женски па дури и машки срца, а воедно е и мотиваторот во единицата и пошироко.


Wendy Power - нашата поборничка за правата на жените во нашата партија но не и единствена, со ведра охридска насмевка ги развеселува и разнежнува дури и оние од противничкиот табор 🙂


Hikagenius -
Секогаш расположен за кафе/ракија, а воедно и јак возач кој со кола може од било кои скали да се симне 😃


Hogar7 - ако го најдете кај паткана-шаткана у ОхриТ ќе ви најдиТ све, оти за него нема нешто што немаТ можи само да имаТ снемано! 😃


И мнооогу други...некои од нив сакаат да бидат цензурирани или прикриени затоа сакани мои придружете ни се на следната собиранка 🙂

MO-UP PARTY! ...we know how to party! join us and find out 😉



PP of MO-UP
BucephalusIII

o>