Добра и лоша новина. (MKD)
lazarosaMKD
Админите ќе воведат 2 новини во играва од кои едната е добра а другата лоша (од наша гледна точка).
Прво за добрата🙂
Како што знаете постојат "лажни" компании, во сопственост на играчи од непријателски држави чија цел е да вработуваат голем број на играчи а притоа немаат пари да ве исплатат или немаат ни суровини за производство. Тоа го прават за да направат штета на одредена држава односно оние кои не знаат дека може да се даде resign (да ја напуштиш фирмата доколку газдата нема пари на нејзината сметка), остануваат "заробени" во фирмата и се откажуваат од играта. Тоа ја ослабува непријателската држава: нејзината економија и воена моќ.
Секако ова не им одговара ни на админите (играчите да се откажуваат) па тие во својот артикал најавија дека во скоро време ќе се воведе новина, ако граѓанинот се обиде да работи а не е во можност поради тоа што фирмата нема пари/суровина, сите постирани понуди за работа на пазарот на работна сила од страна на фирмата, автоматски се повлекуваат и играта испраќа приватна порака со известување до газдата на фирмата.
Лошата новина. Започнувајќи од ден 714 цената на склучување на алијанса со одредена земја, од 30 голд, се зголемува на 100 голд. Ова е лоша вест за малите еРеп земји па така и за нас кога ќе не стават... Како што знам овие договори за взаемна заштита се склучуваат и траат 30 дена и после се обновуваат и многу ќе биде потешко сега за мала земја да склучи вакви договори со 20 - 30 земји (2000 - 3000 голд месечно) туку ќе треба внимателно да ги бира своите сојузници. (поради ограничени финансии).
btw, ако ова беа новините во економијата и воениот дел кои админите ни ги најавуваа а кои ги претставуваа како нивен приоритет пред проширувањето со нови земји, да се надеваме дека сега на дневен ред се ПРОШИРУВАЊАТА 😃
Она што сите ние го исчекуваме! 😉
И едно известување. Утре, ден 708, цитат: "eRepublik servers will be taken off-line for approximately 30 minutes, starting with 05.00 AM (eRepublik time), for a scheduled maintenance."
Значи по наше, некаде околу 13:00 саатот сајтот нема да биде достапен, најавуваат на 30 минути а колку ќе биде ќе видиме утре😃
.
Comments
dobrata vest e za igrata,za nas e samo losata🙂
voted
"ако ова беа новините во економијата и воениот дел..."
Одговор: Не 🙂.
War модулот треба да донесе "еден против еден" можност за борба, а и други работи... A economy модулот би требало да донесе нови ресурси и повеќе eRep економија... Инаку, сите нови ( најавени ) модули би требало да доаѓаат во следниве 3 ( и кусур ) месеци... Значи, еМКД ќе биде најрано во февруари...
+ воут
"War модулот треба да донесе "еден против еден можност за борба""
како мислиш еден на еден?
Vote!
Voted!
Се слагам, создавањето на еМакедонија најрано би се случило според сите прогнози во првата третина од наредната година.
Трпение - Спасение!
како што тргнало, ќе го чекаме ден 1903 изгледа....(eee што ги нема емотиконите од Кајгана🙂
Дали треба да се спремаме за Е-Македонија?
Има некој некакви вести за ова?
И дали да собираме злато?
Ајде малку нанапред да гледаме?!
Se soglasuvam so ideata za shtedenje.....
Ke ni trebaat mnogu pari za izdiganje na eMacedonia na potrebnoto nivo!
Прво јас мислам со алијансите ќе биде решен проблем ќе имаме повеќе играчи тогаш и доволно е секој да донира по 1-2 злато месечно тоа се (2-3 плати) и ќе имаме секој месец по 2-3 алијанси со поголемите земји, пример: Унгарија, Индонезија, Русија итн.
Гјуракис веќе донираме злато
http://www.erepublik.com/en/organization/1986446" target="_blank">http://www.erepublik.com/en/organization[..]86446
"како мислиш еден на еден?"
Не знам како точно би изгледало, али знам дека тоа веќе постоело на играва до пред една година.
Инаку, сите што ги интересира за новите модули, можат да прочитаат тука - http://www.erepublik.com/en/newspaper/erepublik-insider-81/3" target="_blank">http://www.erepublik.com/en/newspaper/er[..]-81/3
админиве стварно го тупат со ставањето на нови држави..ко божем голема работа да стават 20 - 30 нови држави одеднаш.
Личат на голема гломазна државна бирократија што не знае што да прави со себе..
или пак немаат доволно приходи од луѓево што фрлаат реални пари за голд па не можат да си дозволат повеќе вработени што ќе ја унапредуваат играва....
И така ние корења фативме по Русија, Индонезија, Турција 😃
"ко божем голема работа да стават 20 - 30 нови држави одеднаш."
Не им е тешко да стават 20-30 држави... Проблемот е што од тие држави, само Македонија има доволна еПопулација и добра дипломатија за да може да си ја задржи територита откако ќе биде поставена. А исто така, колку што знам, до сега не се случило админите да додадат само една нова држава, што во овој случај ние го бараме 🙁...