[Martin_Tashkoski]Кандидатура за конгрес!!!

Day 1,431, 05:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Tashkoski

Почитувани еМакедонци и еМакедонки

Ќе бидам краток. Се ближат конгресни избори, а сите видовме што се случуваше во конгресот изминативе месеци. Дали беа намерни или ненамерни испадите нема да судам само сметам дека ни е потребен стабилен конгрес.

Поради тоа после долго време одлучив да се кандидирам за конгресменско место. Одам преку партијата МРЉДС, регион Повардарие. Досега бев два пати избран, во првите два месеци од формирањето на еМакедонската држава, потоа решив да се повлечам од политиката. Помладите играчи добија шанса да се докажат, некои го сторија тоа некои не за жал. Редно време е поозбилно да се свати работата со конгресот, доста беа купување гласови и саботирање.

Да не биде после работата “леле шчо напраифме” гласајте за проверени играчи, играчи што ги знаете, играчи што знаете дека нема да направат штета на државата.



Да нагласам убаво да не ме потопите со понуди во пораки:
Немам намера да делам никакви тенкови, никакви лебови за да гласате за мене. Доколку сметате дека редно време е сериозни луѓе да влезат во конгрес гласајте за мене, ако не здравје ќе пцуете после по шаути ”кој го избра овој во конгрес ***** ” 😃

На вас е да донесете одлука, ќе одиме по истиот бодликав пат или ќе склопиме добар конгрес


Поздрав и останете ми со здравје о/
Ваш Мартин Ташкоски