[ MakedonecMKD ] Кандидатура за Претседател на МНФ

Day 1,241, 12:06 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD




Поздрав Македонијо! Поздрав МНФ! Денес пред вас е мојата кандидатура за претседател на МНФ, партија која се состои од 360 членови, и секој од нив е важен дел од МНФ. Без вас не би биле толку успешни.





Значи, во врска со моето политичко минато, многумина го знаат, многумина не, затоа повторно ќе го напишам во што пократки црти:

- 3 пати претседател на најголемата партија на Македонците во Русија (кога немавме држава)
- поранешен член на привремената влада на Македонија
- 3 пати конгресмен (1 во Ј. Кореја, 2 во Македонија)
- 2 пати потпретседател на МНФ
- член на раководството на МНФ и на комитетот на МНФ




Се одлучив да се кандидирам за претседател на МНФ бидејки мислам дека имам квалитети кои треба да ги произнесам не само пред МНФ, туку и пред Македонија. Знам дека сме во кризни времиња, додека ја освојуваме бадијала Франција и Италија, се стремиме кон Европа а истовремено Бугарија ни чука пред вратите и е само прашање на време кога и ние ќе се најдеме во таква ситуација како нив... Тркалото се врти, времето одминува, а никој со конкретни идеи како да излеземе од оваа криза во која владее хаос и сме пред еГраѓанска Војна. Јас неможам да поверувам дека политиката од ВЖ (вистинскиот живот) се пренесе на оваа игра. Неможам да верувам дека има такви искомплексирани луѓе кои единствена цел во играва им се златниците кои ќе ги заработат. Но, целта ги оправдува средствата.



Мислам дека доволно направив за МНФ, но сепак никогаш не е доста. Го создадов официјалниот чет канал на МНФ, заедно со којоти2 го дизајниравме официјалниот форум на МНФ, се залагав и сеуште се залагам секој Македонец кој е потенцијал и кој вреди да се докаже. Како партија покажавме огромен напредок. Имаме 10 конгресмени во Македонија и бројката ќе расте секој месец. За прв пат докажавме дека не постои еднопартиски систем во Македонија со тоа што победивме на претседателските избори со нашиот кандидат - Македонија до Индија.



Истотака имам поддршка од раководството на МНФ од кое бев избран за официјален кандидат. Се залагам за демократија, и мислам дека секогаш треба да оставиме простор за идните членови на МНФ. Ја следам идеологијата на основачот на МНФ - Васил Чакаларов. Како претседател на МНФ ќе направам организација, т.е. седиште на МНФ, еден вид на Црвен Крст кое ќе им помага на сите неутрални и сите членови на МНФ. Отсега па натаму, четот нема да биде единствената комуникација преку која ќе се договараме за сите значајни работи. Форумот би бил задолжителен не само за раководството на МНФ, туку и на сите нејзини членови.

Во врска со конгресменските избори би бил скромен и секогаш кандидатите за конгрес ќе ги бирам претпазливо, бидејки од сите партии во Македонија, МНФ има најголема стапка на гласови кои народот ги дал на луѓе кои не успеале да влезат во конгресот. Затоа предлагам да имаме што помалку кандидати за конгресот со цел да не се делат гласовите. Имаме околу 300 гласови кои не се искористиле, а народот ни ги дал. Тоа е поради бројот на официјалните кандидати со кои излеговме. Затоа не треба да бидеме алчни за едно место во конгрес повеќе, бидејки доколку сакаме повеќе, само гласовите ќе се делат и ќе добиеме контра ефект. За прв пат од претходниот месец МНФ почна да ги избира дел од кандидатите за конгрес и обичните членови, не само најактивните членови на МНФ од чет каналот и од раководството. Тоа е знак повеќе дека демократијата е главна цел на МНФ.

За претседателските избори внимателно би го избрал кандидатот бидејки секој човек е посебен на свој начин, некој во негативна смисла, некој во позитивна. МНФ нема да одбере човек кој е само активен, а нема рејтинг. Ние ќе го одбереме тој човек кој има идеи, пред се, кој ужива одредена популарност кај граѓаните и кој знае како да ја раководи државата.



Тоа би било се. На вас е утре да одлучите за кого ќе го дадете гласот.

Ваш