ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА [MakalNo1]

Day 1,295, 07:52 Published in North Macedonia North Macedonia by MakalNo1
ОПАСНОСТ: ДОЛГА СТАТИЈА 🙂

Почитувани читатели,
добредојдовте во третиот број на мојот весник.

Како што и самиот наслов на статијата кажува, тема ќе ми биде анализа на економиите на петте најјаки држави во еСветот според ранкингот на самата игра:
1. Србија
2. Полска
3. Унгарија
4. Македонија и
5. Хрватска.

Како што и самите можете да забележите 4 од 5-те држави се од сојузот ONE 🙂 .


1. СРБИЈА



ПОГОЛЕМА СЛИКА
ПОГОЛЕМА СЛИКА

Од сликата погоре можете да видите дека просечната плата во Србија е 21.27 RSD или 0.09 злато (1 злато = 236 RSD)

Податоците што се за Увоз и Извоз а се претставени во злато нема да ги споменувам затоа што истите можете да ги видете и самите.
Само ќе кажам дека месечно Србија од данокот за увоз(Import Tax) во својата каса инкасира по 247.41 злато или по 8.24 дневно.
Во државната каса на оваа држава од ДДВ-то (VAT) минатиот месец се инкасирале 53.65 злато или 1.79 злато на ден.


2. ПОЛСКА



ПОГОЛЕМА СЛИКА
ПОГОЛЕМА СЛИКА

Просечната плата во Полска е 28.58 PLN или 0.082 злато (1 злато = 350 PLN).

Полска месечно од Данокот за увоз (Import Tax) добива по 198.24 злато или 6.6 злато дневно, додека ДДВ-то на Полска и донело 32.8 злато минатиот месец или 1.09 злато секој ден.


3. УНГАРИЈА



ПОГОЛЕМА СЛИКА
ПОГОЛЕМА СЛИКА

Просечната плата во Унгарија е 37.7 HUF или 0.093 злато (1 злато = 403 HUF).

Данокот за увоз месечно на Унгарија и носи 74.95 злато или 2.5 злато дневно, а ДДВ-то (VAT) во државната каса на Унгарија внело 17.15 злато или 0.57 злато дневно.


4. МАКЕДОНИЈА



ПОГОЛЕМА СЛИКА
ПОГОЛЕМА СЛИКА

И самите можете да забележите дека просечната плата кај нас е 30.63 МKD или 0.10 злато (1 злато = 299 MKD).

Нашата државна каса од Данокот за увоз или Import Tax месечно добива по 95.86 злато или 3.19 злато секој ден. ДДВ-то на нашата држава минатиот месец и донело 13.82 злато или 0.46 злато дневно.


5. ХРВАТСКА



ПОГОЛЕМА СЛИКА
ПОГОЛЕМА СЛИКА

Просечната плата во Република еХрватска е 35.42 HRK или 0.088 злато (1 злато = 398 HRK).

Хрватска од Данокот за увоз минатиот месец инкасирала 160.71 злато или 5.35 злато секој ден. ДДВ-то или VAT ја наполнило хрватската државна каса за 11.48 злато или 0.38 злато дневно.


ЗАКЛУЧОК:

Нашата држава има највисока просечна плата од 0.10 злато.

Најмногу извоз имала Полска со 102.845,04 злато.

Најмногу увезувала исто така Полска со 979,74 злато.

Најголема инфлација имало во Полска - 1151,14% а веднаш зад нив сме ние со 1133,21%.

Најмногу од Данокот за увоз инкасирала Србија со 247.41 злато.

Од ДДВ-то најмногу се офајдила Србија со 53.65 злато.


Тоа би било се народе во овој број.

Останете ми со 100 здравје и поголема активност.

Ваш
MakalNo1