ЕДНА ГОДИНА ПОСТОЕЊЕ – MACEDONIAN ILLUMINATI

Day 1,471, 09:57 Published in North Macedonia North Macedonia by makedonec21




Дојде и тој ден да се наполни една година од формирањето на паравоената единица Македонски иллуминати една од најстарите паравоени единици во Македонија. Постарите играчи можда се сеќаваат на првите денови по воведувањето на Македонија на мапата на ерепублик,по првиот голем ББ во кој се роди најголемата популација на денешната движечка воено,економско,политичка сила на Македонија која во тоа време беше само еден куп млади збунети и немоќни бебиња во споредба со постарите играчи кои беа во незначителен број. Формирање на првата влада првите министерства и све останато што требаше за функционирање на една млада држава со голем потенцијал. Во постојана закана од соседните постари држави кои и беа непријатели на Македонија се формираа првите државни одбрамбени бедеми т.е првите државни воени единици кои требаа да се погрижат за безбедноста на нашата држава кои за жал во прв одид не профункционираа. Се формираа единиците како што се формираа и војниците беа испратени на обука во Турција 😃 😃 . Е сеа филмот беше што пропадна обуката и се распадна единицата а војниците беа оставени во туѓина а богами во тоа време не беше лесно да се снабдиш со леб и карти за пат а камоли со оружје. Единствена акција на тогашната единица беше АТО акцијата во Русија..


Разочарани од негрижата на државата и останати сами на себе секој се снаоѓаше како што знаеше. Е тоа беа темелите на Македонските иллуминати што би се рекло среќа во несреќа... По враќањето во Македонија на дел од екс војниците на воената Единица Тигри 2 (е сеа ми текна да го е**м) четворица верни другари со здружени сили и здружени финансии оформија своја паравојска независно од Министерството за Одбрана но со една цел.. Зачувување и проширување на теритаријалниот интегритет и суверенитет на Идната Македонска империја
Мlit, Арон, Музата и General Maximus со здружени средства ја оформија паравојската и беа основоположниците и водачите на една од најдобро организираните паравојски во тоа време. А богами во тоа време да водиш паравојска и да се грижиш за снабдување со залихи не беше баш лесно..(ех времиња времиња) Генерал махимус беше назначен за Командант на единицата. Млит за Благајник и чување на залихите додека Арон и Музата за регрутација. Све беше подредено како под конец.. се примаа и обучуваа регрути се штекаа залихи единицата се припремаше за неизбежното.. ЗА ВОЈНА.. Единицата дури имаше и служба за обавестување инфилтрирано во Буграските воено командни редови кои својот врв на контра обавестување го постигна кога го разби и спречи упадот во Македонскиот монетарен систем од Бугарска страна непосредно пред Првата Македонско Бугарска војна. За жал сите документи од овој упад кој беа објавени во официјалниот весник на Македонските иллуминати не се повеќе достапни поради дисолвирањето на организацијата. Тоа беше врв на постоењето на работата и заложбата на Македонските иллуминати.

Значи НИЕ УСПЕАВМЕ ДОДЕКА ДРУГИТЕ НЕ ПОСТОЕЈА.

Но како и секој почеток све има крај. После брзиот раст имаше уште побрз пад... Еден од основачите беше баниран поради негрижа на војник кој во фирмата на бригадата која беше на негов профил вработил мулти и поради тоа беше доделен бан на профилот. Со него пропаднаа љ3 фирма за леб, неколку фирми за жито и околу 80 голд кој во тоа време беа огромен капитал. Тоа беше почеток на крајот.. Падна производството, се намали ударната моќ, имаше голем одлив на војска во други паравојски и војски.. Но најверните останаа. Од тој ден до денеска Македонските иллуминати постојат и функционираат како една просечна паравојска и со цел да ја достигнат својата слава но ретко кој се сеќава на славната историја на оваа паравојска.. Толку од мене од Господа повеќе !!
Една година постоење
Една Година функционирање
ЕДНА ГОДИНА МАКЕДОНСКИ ИЛЛУМИНАТИ !!!!!!!!!!!!!!

SIVIS PACEM , PARA BELLUM