Запознавање со единицата Macedonian Civilian Forces (Македонска Цивилна Војска)

Day 1,526, 08:35 Published in North Macedonia North Macedonia by dDejan
Здраво еМакедонки, Здраво еМакедонци

Со оваа статија сакам да ја запознаам еМакедонската јавност со начинот на работа на нашата воена единица, Macedonian Civilian Forces.

Припремањето на оваа статија се дискутира од дамна, ама никако да се најде време да се напишат 2-3 реда добро срочен текст. Сега мотивацијата дојде повторно кога неодамна сакавме да се вклучиме и ние во шемата за земање на државен рефунд (според направен учинок во одредено време). Mеѓутоа и покрај нашата заинтересираност да пукаме по наредби во одредено време, бевме одбиени заради тоа што рефундот бил само за „паравоени“ единици а не и за цивилни. Што од инает, што од желба да се помогне на нашата единица и на еМакедонија, се решивме да ја гураме работата до крај и да се избориме за рефундот кој го заслужуваме. Имаше коментар дека јавноста недоволно е запознаета со нашата работа, дека можеби сме некои апашишта лакоми за личен профит, па така со оваа статија сакаме да се представиме кои сме и како функционираме.

Како прво, единицата е основана околу периодот пред да се имплементираат промените во играва во врска со дневна мисија, т.е. популарните награди од Базука и Чоколадце за извршени 25 убиства во еден ден. Првата статија за Македонската Цивилна Војска можете да ја прочитате овде, или ако не ви си чита, ќе сумирам на кратко, “единицата е основана за да можат цивилите од Македонија да ја земаат дневната награда борејќи се за интересите на еМакедонија без при тода да бидат оптоварени со некакви услови“. Постарите играчи сигурно се сеќаваат дека порано не беше така едноставно да се биде член во Воена Единица, и оваа единица ја имаше таа цел, да се олесни членувањето а со тоа и собирањето на дневна награда.

Основач и командир на единицата е Harvester of Souls.
Заменик командири се JuliaG, и јас dDejan.
Други членови не сакам да споменувам, затоа што ќе ми биде жал ако испуштам некој. А ги има бааги и многу лесно може да заборавам некој. Друштво, се знаете кои сте, специјален поздрав до вас, ја правите играва многу поинтересна!

Правила, правила

Единицата ја “рекламираме“ како единица без обврски, меѓутоа иако официјално немаме никакви правила, неофицијално го очекуваме ова од нашето членството

- Секогаш интересите на еМакедонија на прво место
- Ако можеме, помагаме на сојузниците
- Спам на фидот на единицата не се толерира
- Се помага на секој кој ќе побара помош ( ако е остварливо барањето за помош )

Од време на време правиме проветрување на неактивните членови бидејќи не сакаме да бидеме чувалиште на нечиви запоставени мултиња или на профили на играчи кои се имаат откажано од играта. До сега само еден играч е избркан заради непочитување на правила, ако не се лажам ќе се јави самиот со коментар на статијава.

Воена моќ

Од воведувањето на Топ 5 листатаза единици со најголем број убиства во изминатите 24 часа, мислам дека секогаш сме биле во Топ 5. Во моментот на пишување на статијава имаме 4108 убиства и сме на трето место. Иако немам фото докази, неодамна во деновите кога почна нашето бришење, оваа бројка го надминуваше и бројот од 8000 убиства дневно. Ќе се вратиме на ова подоцна, во меѓувреме уште збор-два за направените убиства.
Моменталната ситуација со Топ 5 направени убиства, изгледа вака.

Намерно ја направив оваа слика за да илустрирам дека, статистички гледано, нашето членство прави повеќе убиства по член за разлика од некои други „паравоени“ единици. Некој може ќе рече дека не е важно што правиме многу убиства во еден ден, кога другите единици имаат појаки членови, и едно убиство од нив вреди како 10 наши. До некаде се слагам со тоа, па затоа отворив и други статистики.

На следнава слика на пример се излистани (според МаксиХелас), најмоќните единици во Македонија по направена штета (не по број на убиства).

Како што се гледа, на оваа листа сме 9ти. Многу единици се зад нас (не се на листа) по вкупно направена штета, а некои „елитни“ единици во топ 10 имаат направено помалку штета гледано по просечна штета по член.
Листата може не е 100% точна, но мислам дека одприлика точно ја одсликува фактичката состојба во еМакедонија.
Подолу уште една слика која мислам дека доволно кажува дека не сме само „новајлии“ и дека штетата што ја правиме не се должи само на бројноста. Најдобрите 20 членови од единицата (пак според МаксиХелас, ама мислам дека во овој сегмент податоците се точни)


Економска работа на единицата

Како што веќе спомнав, нашите членови немаат обврски, па тоа се однесува и на економијата. Членовите не мора да работат во нечиви компании за минималец и после да добиваат оружје и/или храна. Таа опција ја имаме разгледувано порано, и иако имаме во единицата членови со Q5 и Q6 оружари, и теоретски би можеле да го изведеме тоа, сепак одлучено е да се договораат членовите сами. На повеќе пати во фидот на единицата се договораат кој кај кого да работи, ама се е тоа на доброволна основа.

Значи нема обврска за работење во нечии фирми, и затоа раководството не превзема обврска да мора да дели нешто за возврат на членството. Членовите сами си одлучуваат каде да работат и како да си ги трошат своите плати. Во исто време се трудиме да дадеме совет за економски развој на играчите, да можат самостално да се одржуваат во играта без да зависат од некој.

Меѓутоа иако нема обврски за делење, практикуваме да поделиме тенкови на најдобрите 3-4 членови, кои во претходните 24 часа направиле највеќе убиства. Овде упатувам благодарност до Harvester of Souls, JuliaG, Zeksi71 и Baltazarr кои до сега имаат донирано тенкови за најдобрите членови.

Во вонредни ситуации, како на пример сега неодамна кога не бришеа, има и поголеми поделби па така се дели на сите кои се активни во тој момент. Погоре споменав дека во тие денови сме правеле и над 8000 убиства дневно, што во одредена мера се должи на трошењето на зимниците, но и на поделбите на оружје кои ги организираме самоиницијативно.

Во тоа време ни се јави идеја да собираме средства кои ќе се трошат секогаш кога ќе западнеме во некоја незгодна ситуација. Така креиравме фонд за доброволни донации и кога командирот на единицата ќе даде одобрение, средствата ќе бидат поделени на членовите (секогаш се дели само на тие кои се онлајн). Донациите во фондот се чуваат кај JuliaG, па еве да ја искористам шансата да ги повикам сите добронамерници кои еЕкономски добро се држат, да пратат некоја донација во нашиот фонд за црни денови.

Фондот значи е на доброволна база и секој донира колку што може. Моменталната ситуација на овој (релативно) нов фонд, можете да ја видите на сликава


За тие што стигнавте со читање до овде, ми останува само да ви се заблогарарам за времето. Тоа беше се за сега, ако ве интересира нешто повеќе слободно пишете коментар.

Ако некој сака да стави шаут:
Запознавање со Macedonian Civilian Forces
http://www.erepublik.com/en/article/-macedonian-civilian-forces--1953033/1/20

EDIT:
Имаме и наш ирц канал, #MCF на Ризон. http://tinyurl.com/MCFchat