<< Кој е појак: Шварценегер или Брус Ли? >>

Day 1,231, 09:48 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

На лето за време на распустот се собиравме на клупата у маалото секоја божја вечер. Додека ја јадевме лубеницата или дињата што претходно сме ја украле од некој струмички камион се вртеа муабети од типот која женска е појака: Памела Андерсон или Моника Белучи? Понекогаш знаеше и да не раздени препирајки се околу тоа ако се степаат Брус Ли и Шварценегер кој ќе натепа? Имаше момци шо беа у билдерски филм и секогаш беа од страната на Шварценегер. Искрено да ви кажам јас бев за Брус Ли. Мало мало ама техничарче. Од Шварценегер можеш и да избегаш оти е силен, голем ама тромав, а од Брус Ли нема бегање. Ако те зачука нема да знаеш името да си кажеш хахахаха ....

Економската политика на Јунајтед, Драш и Струмјанин беше во насока на држење на ниска цена на златото за да качуваат сила играчите тренирајќи со бустери. Ефектот на таа политика се гледа сега. Имаме многу играчи од есенскиот бејби бум што имаат и по 2000 сила. Но од друга страна немаат ни по 50.000 ранг поени. Оваа економска политика ја предлагам во насока да се зголемат ранг поените на играчите бидејки според мене играч со 2000 сила ако нема барем 500.000 ранг поени силата не му вреди ништо. (Со ова можете да се сложувате или да не се сложувате. Секогаш ќе има аргументи кои се за дополнително зголемување на силата или за зголемување на ранг поените. Исто како и за тоа дали Брус Ли ќе натепа ако се степа со Шварценегер).


Во оваа статија сакам да предложам Програма за закрепнување на економијата во Македонија што пред се ќе има ефект врз зголемувањето на ранг поените кај играчите во неколку фази која идниот претседател би можел да ја спроведе како економска политика.

Прва фаза - Зголемување на производството.

1. Зошто да го зголемиме производството?
а) Кога една земја има хиперпродукција на секаков вид на производи тогаш е потешко на админите да ја контролираат нејзината економија.
б) Кога една земја има вишок на производи тие можат да се извезат и да се донесе злато во националната економија.
в) Вишокот на производи може да се користи за зголемување на бројот на војници во АРМ или за повеќе дневни борби на постоечките војници.
г) Вишокот на производи може да се користи како залиха за потешки војни во кои евентуално би влегла Македонија а тоа се војна со Бугарија или Грција или воен поход во централна Европа.
д) Вишокот на производи може да се користи за регулирање на цената на маркетот доколку дојде до зголемен откуп на производите од страна ма админите како што тоа беше случај неколкупати до сега.

2. Како да го зголемиме производството?
Единствен начин да го зголемиме производството е да ги стабилизираме цените на маркетот и да поставиме најниска откупна цена по единица производ.
Според мене потребно е единствено да ги стабилизираме цените на житото и железото бидејки тие се клучот за успех во оваа игра. Ако имате евтино железо и жито тогаш имате силни и богати граѓани.
Цената на житото и железото според мене треба да се стабилизира на 0.45МКД. Државата ќе го откупува целото жито и железо што се продава на пазарот по цена од 0.45МКД и пониско и повторно ке го објави житото и железото на продажба по 0.45МКД. Со тоа ќе се стимулираат сите производители на жито и железо да вработат по 10 работници во своите фирми бидејки ќе бидат сигурни во секојдневниот откуп на нивното целосно производство по загарантирана цена од 0.45МКД. Со оваа мерка ќе се стабилизираат и платите и ке се спречи нивното секојдневно варирање. Целта е еден дел од парите од буџетот да ги дадеме на граѓаните а за возврат од нив да откупиме жито и железо. Наместо државата да чува пари а граѓаните да чуваат производи на залиха местата ќе се заменат. Сега граѓаните ќе имаат повеќе пари кај себе (кои ќе ги трошат за борби или купување место за отварање нови фирми) а државата ќе го чува и користи вишокот на производи кои ќе се створат на пазарот со хиперпродукцијата која државата ќе ја стимулира со стабилизацијата на цените и платите.

3. Зошто баш на 0.45МКД?
Затоа што на 1250 ден од Новиот Свет (тоа е за 19 дена од денес) ќе се укине неограничениот лимит на Storage и нема да имаме можност да ја реализираме оваа мерка за забрзан развој на нашата економија. А сега цената на житото е баш околу 0,45МКД со тенденција да пага со секој изминат ден. На државата и одговара цената на откупеното жито и железо да е уште пониска но лимитот на Storage не ограничува временски оваа акција да ја изведеме почнувајки уште утре.

4. Што ке прави државата со залихата на жито и железо?
Според мене државата треба да има залиха на жито и железо наместо залиха на денари. Во случај на посериозна војна од оваа со Италија се јавува недостаток на оружје и храна на нашиот пазар па сите го трошиме златото набавувајки тенкови и леб од Србија бидејки таму е поевтино. Во случај да немаме доволно храна и оружје на пазарот а да имаме денари ке се доведеме у ситуација да немаме каде да ги потрошиме и што да купиме со нив. Мислам дека залиха од 40.000 жито и 600.000 железо треба да биде основниот минимум од кој треба да почнеме. (тоа се 288.000МКД)

5. Зошто ни треба 15 (петнаесет) пати повеќе железо од жито?
Играчите кои секојдневно ја играат играва а почнале од есенскиот бејби бум сега се Guru 10 Economy Level. Повеќето од војниците во АРМ се од тој ББ и се со тој Economy Level. Доколку секој војник има 2 реферала тој дневно може да произведува 94 жито или железо, 100 Q5 леба или 9.73 тенкови. Стоте Q5 леба што ке ги произведе еден војник се 1000 здравје. Односно можат да заменат по 200 здравје на 5 војници дневно. Значи еден војник произведува леб за 5 војници. Останатите 100 здравје по војник ги оставаме да ги троши во неговите приватни фирми односно за негови приватни потреби кои секој играч ги има. Ако еден војник произведува леб за него и плус за уште четворујца други војници тогаш тие ќе треба да произведат оружје. Четири војника произведуваат 29.32 Q5 тенкови. За 200 здравје во битка се потребни 4 тенка. За 5 војника требаат 20 тенка и 100 леба. Значи 9.32 тенкови остануваат непотрошени. За вкупното производство од 100 леба и 29.32 тенкови се потребни 100 жито и 1466 железо, односно 705МКД. За армија од 250 војници потребно ќе биде 5000 жито и 73.300 железо дневно односно 35.250МКД.

За да недојде до недоразбирање сакам да нагласам една работа: денес државата има приход од 40.000МКД дневно но денес немаме вишок на пазарот од 73.300 железо и 5000 жито. Ако денес пробаме да ја реализираме оваа мерка за финансирање на 250 војника само ке ја растуриме и онака кревката економија што ја имаме. Оваа мерка требаше Струмјанин да ја реализира во неговиот втор мандат кога по природен пат имаше хиперпродукција на светскиот пазар па и во Македонија. Втора шанса за реализација на оваа мерка ни е кога ќе создадеме повторно хиперпродукција на железо и жито. Тоа можеме единствено да го потикнеме со стабилизација на цените и со пропаганда помегу играчите за масовно отварање на фирми за железо.

Втора фаза - Заштита од злоупотреба на загарантираните откупни цени

1. Зошто да ја заштитиме државата од злоупотреба на оваа мерка?
Доколку државата ги стабилизира цените на производите ќе се појават трговци кои ќе увезуваат во Македонија жито и железо бидејки ќе имаат загарантиран откуп по цена од 0.45МКД. Може некој да внесе и 50.000 железо од друга земја а државата ќе биде должна да му го откупи. Потоа овој трговец со денарите што ќе ги земе за железото ќе отиде на Monetary Market да купи злато. Златото ќе го однесе на Monetary Market во земјата од каде што го купува железото и ќе го продаде во тамошна локална валута и пак ќе купи железо или жито од таму и повторно ке го донесе да го продаде во Македонија. На тој начин трговците ни го земаат златото од државата и го носат во земјите со поевтино производство од нашето. ние тоа можеме да го спречиме со регулирање односно зголемување на цената на златото на нашиот Monetary Market. Цената на златото додека трае првата фаза треба да биде на ниво како и кај Србија, односно ако за 1 злато денес во Србија се купува 336 железо (1 злато=103 РСД а 1 железо=0.38РСД) тогаш и кај нас треба да биде истиот сооднос. Денес во Македонија за 1 злато се купува 292 железо (1 злато=140МКД а 1 железо=0.48МКД). Според соодносот во Србија денешниот курс во Македонија треба да биде 1 злато = 162МКД за да се спречи увозот на железо од таму и злоупотреба на оваа државна мерка од страна на трговците. Кога цената на железото ќе се стабилизира на 0.45МКД тогаш курсот на денарот во однос на златото треба да биде 1 злато= 151МКД. Курсот на денарот треба да го смениме уште веднаш. На тој начин ќе го сопреме увозот и ќе го активираме македонското производство.

2. Започнување на пропагандна акција под мотото: „Ако немаш најмалку 3 фирми можеш да се наречеш добар србин, бугарин или грк а не и добар македонец“
Оваа пропагандна акција ќе има за цел да ги мотивира граѓаните на Македонија да отвараат што е можно повеќе фирми. Поголемото производство значи поголем извоз и повеќе злато за Македонија, повеќе influence во битките, поголема залиха за тешки војни во иднина итн. Ако една држава планира да биде империја мора да има вишок на производи и со нив да влијае на странските пазари. Во оваа акција ќе бидат вклучени сите најистакнати новинари кои имаат големо влијание кај граганите. Граганите ке отвараат фирми бидејки ке бидат сигурни дека државата ке им го откупува производството. Тоа ке намами и многу странци да отворат свои фирми во Македонија бидејки трговците од целиот свет бараат стабилни цени на производите во однос на златото. Кога тие веке еднаш ке ги најдат во Македонија тогаш потрошувачката на производите ќе се зголеми. Наместо ние да ги извезуваме тие ке доагаат и ке купуваат од кај нас и ке препродаваат во нивните земји. Македонија нема да има потреба од Valletta (организација за препродажба од Србија) туку целата држава ќе претставува Valletta.


Заклучок:Моето согледување за ситуацијата во Македонија е дека треба да се инвестира во ранг поени а не во сила. Затоа оваа економска стратегија има за цел да направи масовна армија со секојдневно трошење на 200 здравје и 4 тенка за еден војник. Зато ќе Ве молам изјавите од типот дека ни е потребно поевтино злато за бустери а не масовна армија нема да ги коментирам бидејки тоа се коментари кои не се однесуваат на оваа стратегија. Досегашната економска политика на сите претседатели беше политика на бустери. Време е тоа да се смени и да прејдеме на масовна армија бидејки новиот воен модул тоа од нас го бара.




И само ако слушнам од некој дека Памела Андерсон е појака од Моника Белучи газо со коприва ќе му го изгорам хахахаха ....


За тие родени од старамајка што сакаат да стават shout:

Кој е појак: Шварценегер или Брус Ли?
http://tinyurl.com/3hwnmgh


Срдечно Ваш
Шмекерот 😉