Четврто обраќање [Little Beast]

Day 3,722, 01:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво на сите.

Полека се приближуваме до крајот на мојот мандат, а јас како што ветив во кандидатурата дека ќе има неделни обраќања со новости и случувања поврзани со Македонија го пишувам четвртото обраќање.

За среќа и голема радост на нашите непријатели, конечно Македонија е надвор од Арабија покрај сите обиди и вложен организиран труд против нас. Можам да кажам дека во врска со териториите не можеше ништо да се направи повеќе и немаше шанси да се опстои таму, посебно после исцрпувачката војна со Турција и недостигот на промоција за барови од Плато.



Огромна прашина се крена во јавноста поради потпишувањето на НАП помеѓу Бугарија и Турција. Нашето влегување во Бугарија беше организирано со Србите кои заедно со нас одговоривме на барањето на Бугарија за помош. Целта беше да има НАП, а бидејќи на почетокот на мандатот Бугарија го одби предлогот на Грција за НАП со четири страни, цело време се користеше зборот НАП помеѓу Бугарија и Турција во смисла на тоа да се создадат пријателски услови меѓу двете земји како основен темел за да биде реализиран НАП кој ќе ги опфати сите четири земји. Но, за жал овој поим беше изваден од контекст и Бугарите потпишаа меѓусебен НАП со Турците, а ние со Грците бевме надвор од тој договор. Навистина незгодна ситуација.

Нашите играчи очекуваат владина реакција, потег што ќе беше крајно незрел и несоодветен потег за ситуацијата што само дополнително ќе ги зголемеше тензиите. Ние тоа на крај го решивме меѓу себе, како што тоа го прават вистинските пријатели, тивко далеку од очите на јавноста без вклучување на заедниците од двете земји.



Грците во текот на оваа недела беа доста активни и им праќаа пораки на повеќето влади низ светот, меѓу кои и нашата влада, дека имаат внатрешен проблем и дека се поделени и прогласуваат неутралност. Ова наиде на огромен сеир и недостиг на доверба кај државите за искреноста на Грчките играчи, каде некои нивни тенкови веќе заминуваат од државата и бараат Американско државјанство. Ова сценарио тие веќе еднаш порано го направија, прво кажуваа дека се поделени, а потоа станаа терористи и седеа на две столчиња. Сега повторно се трудат да го направат тоа како би извлекле полза за својата држава, а во истовреме да направат рааздор помеѓу останатите држави и сојузници. Кога го видовме ова веднаш ги контактирав нашите сојузници и разговаравме за состојбата и засега никој не им верува на Грците и стоиме на позициите и пријателите кои ги имавме и претходно.

Во текот на неделата исто така веднаш после оваа објава од страна на Грците нашите играчи почнаа да паничат дека тоа ќе придонесе да бидеме разделени со нашите сојузници. Значи по не знам кој пат повторно ќе ве замолам да не ширете моабети и паники каде што нема потреба. Такво нешто нема и после разговорите со сојузниците убеден сум дека нема да има нешто такво.



Плато во вторникот ни даде промоција на барови каде играчите се снабдија со потребните ресурси за воена акција. Веднаш се почнаа планови и предлози за војна од страна на играчите за одмазда и акција. Засега ние самостојно нема ништо да превземаме, доколку се решиме на таков потег тоа ќе биде организирана акција заедно со сојузници. Јас во текот на мојот мандат се потрудив Македонија да не биде играчка на некои сили и преку нас да си ги бркаат политиките. И се додека сум на власт државата би напаѓала и влегувала во војна само доколку има издржан план со конкретни чекори и заеднички со други држави. Во овој мандат досега успешно го исполнував ова ветување кое си го дадов сам на себе. Македонија во овој мандат нема да лови во матно. Искористете го периодот што следува за одмор и собирање на сили.

Исто така во овој период кога нема тешки војни за нас го искористив да се обидам да отворам нова тренинг војна кога веќе ја изгубивме таа со Арабија. Контактирани беа 5-6 земји и од сите нив добивме негативен одговор за тренинг војна. Имаше предлози од нашите играчи да извршам присилна трениниг војна со некоја послаба земја, но историски гледано нашите две присилни трениниг војни имаа неславно издание и бевме после една недела избркани. Со оглед на тоа, јас сакам да има договор за тренинг војна и мирно фармање, а не влетување во нов непотребен конфликт и затоа во мој мандат комплетно заборавете на таа ваша идеја. Тоа ќе го оставам на следниот ЦП да реши дали ќе прави присилни тренинг војни.

Искрено ваш

Little Beast